- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.656
- Поени од реакции
- 119.937
Погледни ги головите против Сасуоло, начинот на кој беа постигнати и дојди ќе правиме муабет. Никој не вика дека Сасуоло ќе победеше ако стварно се залагаа ама ова беше срамота, буквално стоеја на терен. Па сите го гледаме Сасуоло цела сезона бар по 7-8 пати, кога игра нели против Милан/Интер/Јуве, знаеме каков напаѓачки фудбал играат и за што се способни. Ги тепаа сезонава на гости Јуве, Милан и Интер, а на домашен терен не пројдоа центар, и ај тоа него си џогираа.Вака од страна што гледав, апсолутно не сум согласен дека некој на Милан му попуштал. Па Милан одвај со судни маки победи и со Аталанта и со Фиорентина. Не играше сјајно, овие пружаа отпор колку што можат (Аталанта е ужасна цела сезона, не знам што се очекуваше од нив) и поради индивидуални блесоци успеа да победи.
Лацио да се тргаше, немаше на таков начин и во последни секунди да прими гол. Е сега се смеел Ачерби. Се смееше и Џибрил Сисе во 2012 година, Хазард лани по испаѓањето на Реал од Челзи во ЛШ итн. Не значи тоа ништо само по себе.
Не споредувај Сити со Вила, Брајтон или Челзи со Виган, други ситуации се тоа и немаше пуштенки. Едино за КПР може да се сложиме дека застанаа откако дознаа дека опстануваат ама пак головите си беа ок, реално Агуеро можеше и да утне и да си биде Јунајтед шампион.