Свесен си дека имавте 6 бода предност и утакмица повеќе? И дека на 2 утакмици каде требаше да продолжите да бидете 1 место со иста бодовна предност вие не успеавте да ги тепате Болоња и Торино и бевте декласирани у дерби и дојдовте до ситуација да сте на потенцијални -1 од Интер?
Ај објасни ми какви двојни стандарди? Се согласивме дека Интер беше у криза и распад пред 2 месеца.
Сакаш да кажеш дека Милан моментално е стабилен и све е во ред?
Не е се во ред. Но, таков е цела сезона, топло-ладно. Дури не се толку ни на големи периоди тие варирања како кај Интер.
Интер беше лош едно десет кола, па одличен, па веќе и пред паузата со Торино се виде мал пад, кој дојде до израз по дербито. Дури и сега Интер е подобар резултатски отколку што добро играат. Натпреварите со Јуве и Милан се најдобар пример. Интер и самиот не е свесен како тепаше во Торино. Но, сепак е подобар Интер од пред неколку кола, а и вакви победи носат нешто плус.
Кај Милан тие варирања се на помали интервали, делумно и поради повредите, но не е само поради тоа. И во еден месец Милан може да варира од добро-лошо-добро или лошо-добро-лошо.
А осум кола пред крај, за ваков Милан, три бода се никаква предност. Три-четири пати пишав во нашиот фан клуб да ги баталат тие муабети дека се зависи од Милан. Премногу натпревари се тоа до крај за да значи нешто таква мала предност за овој Милан.
Нема ни искуство, а ни квалитет, под таков притисок да изнесе 8 кола. Тоа се повеќе од два месеца.