Брахим е downgrade од Хакан и тоа е и повеќе од јасно. Џабе терате форсови за освајање ЛШ и слични безвеза муабети, кога никој не збори дека е Кевин Де Бруин туракот, ама да кажеш дека он и Брахим имаат ист ефект сезонава, или збориш од инат или не знаеш што збориш. Нема трето.
Има, еве ќе земеме дека ти знаеш што зборуваш, но си ја промашил поентата.
Форсирањето во последно време со Хакан е само реакција на константното претерување од страна на Сашко.
Склон е на поедноставување на работите и една преголема желба да исфорсира колку е во право.
Прво Милан пропаѓаше поради платата на Ибра, сега требаше да пропадне поради Хакан. Да заврши бетер од Аталанта, која го земала Бога и сите други што се засилиле, а Милан бил воден во катастрофа и ќе сме се увериле.
Е, откако Милан и без Хакан и нови засилувања остана во игра за титула, а ЛШ е скоро сигурно обезбедена, почна кукање како да морало да се освои титулата.
Всушност ако се вратиме уште летово, ние и со Хакан немаше да се бориме за титула, а ЛШ беше во сериозна опасност. Кој сака нека се наврати, ќе се увери дека сум во право.
Откако пропаднаа лошите сценарија, сега се форсира само муабетот за титула, нормално со Хакан, затоа што мора да се биде во право. А веќе се прави темел и за следната сезона со Кеси, кој патем сака сам да си отиде.
И бидејќи Хакан не гарантира ЛШ (видовме), а уште помалку па титула, глупо е да се форсира тој муабет до изнемоштеност. Не е воопшто заменет, сигурно дека ќе било подобро со него. Но, не е фудбалер што ти гарантира успех (како Ибра на времето), ниту е на ниво цела сезона. Не е лидер, не е носител (можеби максимум на 5-6 натпревари), туку некој што може добро да се вклопи и така да даде свој придонес, со големи варијации во тек на една сезона.
Да сумирам, далеку е Хакан од незаменлив, проблем е што Милан воопшто не го замени. Но и такви имаат сличен резултат како со него минатата сезона.