Де бре, чекај, полека. Знаеме сите дека уште има Јуве да работи, ама вчера изиграа супер, незнам зашо вакви блам коментари. Јуве си доминираше цела утакмица и никад не изгледаше у опасност дека ќе прими гол. Поклон голови вика.
Првиот беше топ одиграна акција меѓу Дибала и Влахо и маестрална завршница на вториот. Вториот гол не коментирам, поклон бил.
Ај пенал што не му свирнаа чист на Јуве у прво мање више, имаа уште 3-4 солидни шанси, а и да не се повампиреше голманот у второ можеше комотно 4-0 да биде (на Дибала и Рабио одлично им одбрани).
А шо има толку лошо шо сме се радувале ние јувенташиве на победава? После толку мачење без класа шпиц од старт од сезона, конечно го добивме и закачи маестрален гол на деби утакмица. Вие го величевте мизерниот Санчез шо ни даде гол у ципирипи куп, па сеа зашо ние сме се радувале на победава. После толку време со мерак изгледавме утакмица без Бентанкур, Кулу, Сандро и со Влаховиќ и Закариа у стартен состав, утакмица каде двајцата се запишаа у листа на стрелци, нормална е ваква реакција, не знам што се чудите.
На крај краева ич не ги гледајте Јуве моментално, сеуште заостануваме зад Интер. Гледајте како ви игра вас тимот и дека кикс у следно коло може скапо да ве чини, остајте не нас јувенташиве, не сме ви конкуренција нели.