Не знам колку им е паметно ова и на Јуве и на Алегри. Не сум баш фан на вакви враќања, а и прашање е колку ќе оди Јуве во ремонт уште првата сезона, колку се спремни да трошат и евентуално да издржат уште една сезона без титула. Ако веќе решиле да го вратат, а и тој прифатил, тогаш излегува дека Јуве ја прифатил грешката и дека сега ќе му излезат во пресрет. Но, дали тој има толку голем авторитет, Јуве толку финансии и што филозофија би наметнал Алегри (тип на фудбалери, начин на игра)?!
Јас како негов прв голем фан на форумов, сакав да се проба и да се докаже во Англија или Шпанија. Изгледа веќе не сака да чека што ќе одлучи Реал. Ако сега зезне во Јуве, веројатно завршува неговата кариера и ќе се вртка во клубови со помали амбиции.
Од друга страна, Алегри секогаш ми бил тренер кој и со двајца квалитетни (дали има сега Јуве двајца такви?) фудбалери би направил шампионски тим, околу кој сите други ќе изгледаат ниво подобри. А и ако во Интер удрат на распродажба и ќе нема некоја конкуренција во Италија. Но премногу е рано за такви проценки.
Ова е прва сезона во која не верувам премногу во него и ако Милан тргне како во претходната, прва во која ќе нема моја подршка (што сигурно тешко ќе му падне

, ако не на него тогаш на
@DeviAngel , ќе мора сам да го брани

).