Незнам колку години ти имаш и кога си почнал да навиваш, но јас кога сум почнал да навивам не беше само Милан, Интер, Јувентус јаки, беа Парма, Лацио, Фиорентина Рома и другите... И никој не беше лимитиран да инвестира во своите клубови.
Инаку во тоа време ништо не беше од затворен формат.
Ти очигледно не сакаш да ја видиш поголемата слика од настаните, и тоа што се случува.
Се собрале најбогатите 12 клубови низ цела Европа и сакаат да профитираат повеќе милиони од тоа што заработуваат сега, и кур не ги боли за другите домашни клубови, дали ќе банкротираат или што ќе направат, тоа е алчност за пари и ништо друго.
Не, него ти не сакаш да видиш дека ова е само еден чекор од процесот, кој трае со децении.
Али сега малку кревање на тензија, поттикнато и од медиуми кои што исто си го гледаат својот интерес. Како да се случува нешто револуционерно.
Од 1991 година, само по една сезона имаат освоено Рома и Лацио, друго се е Јуве, Интер и Милан.
А можеш да се запрашаш и зошто во тој период тие клубови од силни, стигнаа до "беа".
Уште од тогаш се повеќе се оди кон затворен формат. Зошто шампионите од Србија, Македонија ме играа директно во ЛШ? Тоа е отворено натпреварување...
И не знам дали си бил ти меѓу нив, но 99% од тие што денес се најмногу против, беа против и кога дојдоа луѓе и можеа да трошат скоро без лимит. Тоа исто беше уништување на фудбалот.
Да, сакаат да добијат повеќе од тоа што тие го заработиле. Не било фер? Па не е, али не е фер ни таа ЦЗ, да добива пари од држава, а Чукарчки не, па се случува тоа. А сега плачеме затоа што ЦЗ или некој сличен многу потешко ќе стигне до СЛ.
Клубови банкротирале и ќе банкротираат. Како што баш поради тоа што се случувало од крајот на осумдесетите до денес (и во период кога си навивал за Интер), довело до тоа Олимпијакос, ЦЗ или Стеауа да не можат да замислат да играат финале ЛШ, кое што некогаш го играле.
Така да лицемерно е да сме навивале за Милан и Интер за целиот овој период и сега од еднаш, не бе ова сега од небо падна, не одело никогаш во овој правец.