- Член од
- 1 април 2018
- Мислења
- 2.135
- Поени од реакции
- 4.153
Ама раката на Муриел го зголемува обемот на неговото тело. Според таа најнова дефиниција ова е пенал 100%.
Најмалку ви ги разбирам толкувањата дека топката при вториот пенал одела надвор од шеснаесетник. И?
Ова ме потсети на бунењето лани во ЛШ за Ајакс - Реал, кога на Ајакс му поништија гол заради офсајд (играч на Ајакс стоеше пред Куртоа и му го попречуваше видикот), кога добар дел од членовите тука одеа со муабет ,,ама немаше шанси ова да го одбрани Куртоа".
Како и тогаш, пак ќе кажам и сега, судијата не може да си земе за право да проценува субјективно дали голманот може да одбрани, дали играчот може да ја стигне топката, каде оди топката, дали према надвор или внатре (случајот од вчера) и слично. За него е важно дали играта со рака е во шеснаесетник или надвор од истиот, за офсајд е важно дали има фактички офсајд (дали се активира со вклучување во акцијата, движење и така натаму) и уште многу други случаеви.
Мене првиот пенал ми е сомнителен, поради тоа што десната рака му е со телото. Но, овде има една работа, а тоа е што топката го удри во лактот (што е секако одделен) и може да се процени дека и во овој случај играта со рака му го зголеми обемот за блокирање на играчот на Аталанта. Објективно и искрено, а и според повеќето толкувања за игра со рака за мене овде елементи за пенал имаше малку.
За сликите што ги поставивте некоја страна поназад, за онаа на Де Лихт против Лече од првиот дел на сезоната (онаа од десно, од двете помали слики) свирнаа пенал и не сфаќам зошто е ставена како недосуден
Тоа против Торино беше пенал во првиот дел, грешка на судијата што не го свирна. Она на Емре Чан против Аталанта немаше пенал, гледаше и ВАР тогаш Роки, топката од над коленото му отиде во раката.
@Marquess ВАР експертот Мондонико и натаму вели дека не секоја игра со рака е пенал. Имам ставено повеќе видеа каде се објаснува казнивоста и неказнивоста на играта со рака, промената на терминот ,,намерно" и сл. Само ти не сакаш објективно да гледаш, туку целта ти е јадење гомна.
ЕДИТ: Не ја гледав утакмицата, ако за првиот пенал топката му удри во левата рака (сега пак гледам хајлатс, Де Рон сам си покажува на левиот лакт) која беше одвоена од телото тогаш и првиот е пенал без дискусија. Мене на прва ми се виде дека му удира во десна рака, што е значително поблиску до телото.
Некој ако најде нека стави официјално или добра снимка во која рака му удира топката.

Juventus 2-2 Atalanta | Cristiano Ronaldo Scores Twice to Rescue a Point for Juve | Serie A Tim
Juventus had to come from behind twice to rescue a point, with Cristiano Ronaldo scoring both goals from the penalty spot | Serie A TimThis is the official c...

Јасно се гледа дека е левата рака и зголемен е обемот на телото. Чист пенал ко солза.