Како тоа 1000 заболени души се надвор од контрола од 60 милионска држава?..колкав процент е тоа?..нема теорија ова да опстои на подолг период..сигурно ќе се воведи контрола и ќе си дојдат работите на свое место..
Сигурно. Ако не, кога вирусот би се проширил низ цела Италија и би заразил, штознам 20% или 30% од населението, тогаш би било време да се интервенира, за сега фудбалот и парите на Јувентус имаат приоритет.
Најверојатно будали се Кинезите што ставија цела провинција од 70 милиони во карантин, забранија на жители на 12-милионски град да излагаат од дома и што си ја паузираа цела економија еден месец. Или хистеричните реакции на СЗО и на секоја држава каде има потврден случај од вирусот. Сигурно се е џабе паника.
Иначе, по оправданата реакција на Интер и останатите клубови, едно од засушените гомна што висат од анусот на Ањели, односно некојси претседател на Серие А, изјавил дека натпреварите се одложени за да ја зачува репутацијата на лигата пред меѓународната публика

и дека Интер сам бил крив зошто не се сложил натпреварот да се игра со
публика во понеделник, наместо недела. Јасно, затоа што е општо познато дека вирусите не работат во понеделник, па нема здравствен ризик.
Типот, индиректно признава дека единствена мотивација за одлуката е штитењето на приходите на Јувентус од сопствениот стадион, без разлика што ефект ќе има врз лигата и другите клубови. Практично, веќе не си ни кријат која им е намерата и на каде влечат.
Вистински корумпиран нужник од лига и одлична промоција на истата, дефинитивно.