Остај минутите, периодите на доминација не се споредуваат!
Ве ставија во шише, реално! И јас искрено сум фрустриран од пристапот на играчите на Интер, после постигнатиот гол. Типично жабарски пи***рски стил, калкулации, игра со пивот и комарец до него, па ако боцнат нешто арно, ако не здравје имаме водство!
Да беше посмел Роки требаше два пенали да има.
Нејсе, и јас сакам да ја прекинете доминацијата на Јуве, за ваше и нивно добро! Само со пристапот како вчера, тешко! Ќе ве издишат кога тогаш.
Па не игравме против Лече синојќа.
Аталанта.
Екипата која игра најофазивен фудбал во Италија и една од поофанзивните во Европа.
Не негирам дека не ставија во шише. Доста добра екипа се и можат против секого во Серија А.
Сепак, ја и ти не сме Конте. Он доста добро го познава италијанскиот фудбал и ако треба со муви и комарци за до титула, прифатливо е.
И ми збориш за пристапот, Интер очигледно во второ играа да ја умртват играта на Аталанта.
Имаа 1-0, играа на тоа да се отвори брза контра, 2-0 и чао чао.
Ама не е секогаш така и Аталанта даде гол а за малку и 2.
Ни фали некој во среден ред, и ако се донесе супер засилување зимово, сигурно ќе бидеме тука-тука со Јуве и Лацио до крај.
Ги споменуваш само Интер за титула, а Лацио имаат според мене еднакво шанси.
За Роки не се коментира.
Целовкупно катастрофа судење.
Како за Интер така и за Аталанта.
Е сега викаш да бил по смел.
Па нема што него да му се замерува за недосудениот пенал на Аталанта. Тоа нели од ВАР собата му се јавуваат ако има нешто.
Имаше и второ голем пропуст кога на чист фаул над еден од играчите на Интер (не ми текнува точно кој) не свирна ништо и остави играта да продолжи а беше на 17-18 метра од гол.