Serie A 2019/2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Splendora
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Види го Пипо шо му праел на Виери :icon_lol::icon_lol:


Пошо нема фудбал денес преку медиуми се препуцаваат Киелини, Балотели и Фелипе Мело, има извадоци од книгата на Киелини каде си го кажува своето мислење за двајцата.


"Chiellini was always a coward who would wet himself. Maybe he's still angry with me that I went to Galatasaray and knocked Juve out of the UCL or that Inter won everything & that I am Interista" Felipe Melo's response back to Chiellini


И Бобо Виери лудува на инстаграм со лајв видеа



НИКОЛА ВЕНТОЛА ГО ФАЌА ОД ДВЕ ЧАШИ ВИНО

Верон: Добро каде е Вентола?

Бобо: Во Милано.

Верон: Игра ли уште?

Бобо: Не, какво играње. Ми се јавува по 70 пати на ден. Баш вчера раскажував, на ручек пие две чаши вино и после одлепува. Вчера ми пушти гласовна порака од 2 и пол минути. Ја гледам и викам што му е на овој, кој пушта толку долги пораки? И почнува:

Бобо, многу те сакам, немој никогаш да ме изневериш, не ме оставај, јас верувам во тебе, ти си ми брат за цел живот. И плус плаче во пораката.
 
Последно уредено:
Ги обожавам двајцата ко фудбалери, ама се покажаа као тотални аматери у новите позиции, не знаеа кј тераа двајцата, и со ваквите интервјуа само сакаат да испаднат жртвени јагњина пред навивачите
 
Момци има ли некоја новост за да се доигрува сезонава, стигна 11ти Мај, ништо уште ?
 
Ги обожавам двајцата ко фудбалери, ама се покажаа као тотални аматери у новите позиции, не знаеа кј тераа двајцата, и со ваквите интервјуа само сакаат да испаднат жртвени јагњина пред навивачите
Јас немам проблем да си ја признаам грешката со излетувањето, тотално нефлексибилни и двајцата со никаква желба за учење на занаетот со цел да се подобри ситуацијата на клубот, од 1 бод од топ4 на крај од минатата сезона до тотален распад само поради нивните одлуки со тренер и дел од играчки кадар, Пиоли исто така не е некој на кој можеш да градиш иднина.

Во моменти кога клубот сака да донесе далеку попроверено име за да го среди целиот спортски дел, они се понашаат ко мали деца и плачат по медиуми.
 
Ебеш книгата. Валкан играч кој има добиено еден црвен картон во цела кариера во Серие А. Пандев за споредба има 5 :pos:

На терен прави што сака а по ходници се гушка со со судии и си прави high fives. Олош.

@Scirea, добар? :love:
 
Уште ништо не се знае за продолжување на сезоната, дури повторно во игра се враќаат и муабетите за плејоф.
Прво, медицинските лица од клубовите се бунат на одлуката да бидат директно одговорни за тоа ако некој се заболи од ковид, нешто што е надвор од нивна контрола и секако имаат целосно право да се бунат на таква глупа одлука..

Второ, 9 клубови, од големите наполи, милан и интер, се бунат за тоа ако еден играч се заболи од корона, цел тим да биде ставен во изолација и 14 дена да се без тренинзи, бараат да биде како во Германија, да се третира ко повреден играчот и тоа е тоа. Не е возможно во спротивно еден тим нормално да функционира и да е на исто ниво со останатите ако се испостави дека на сред сезона треба 14 дена сите да се затворат и да не излагаат од дома. Иам пишувано на оваа тема и тоа е потполно точно, ова е апсурд кој само ке ја доусере сезоната и целиот збутан распоред.
Проблем за истово е што тоа е ко и кај нас, закон, фирми се затвараат, болници, и сега на клубовите ќе треба да им се прогледа низ прсти што може да наиде на револт бидејќи знаеме италија колку го изеде од вирусов.

Трето, некои правила за тренинзиве, за хотели со играчи и слично, дел од клубовите немаат услови тоа да го реализираат, а мораат.

Има многу различни ставови, и од лица кои се на врвот од федерацијата, и помеѓу претседателите на клубовите, така да сеа за сеа не се знае како и кога ќе продолжи сезонава бидејќи доста работи треба да се испеглаат и да се донесе одлука за која сите ке бидат согласни на крајот.
 
Според мене најдобро решение е сезоната воопшто да не се доигра, да нема шампион и да нема испаѓање.

За да не бидат оштетени првите две од Серија Б, може наредна сезона да брои 22 тимови, а да отпаднат 5, за после тоа пак се да се врати во нормала. Вертикално сите лиги надолу (Б, Ц, Д) да има само промоција (директна, без плејоф), без испаѓање во понизок ранг, со тоа што на идентичен начин, со поголем број испаѓања наредна сезона се ќе се врати како и претходно.

Во ваква ситуација, единствено пласманот во ЛШ и ЛЕ треба да се реши со тоа што секако ќе има незадоволни страни. Сепак, најбезболно решение е да се земе во предвид моменталниот пласман, што колку и некому да му пречи (особено екипи што се на 1-2 бода од место во ЛШ/ЛЕ) е, во ваква вонредна состојба, најмеродавен показател за учество во Европа.
 
Сезоната да не се доигра е најлошо можно решение. Ке настанат проблеми од спортски, економски и правен аспект и никој нема да може да ги реши. Ќе биде тотален хаос.
Она што се предложува со бутање у карантин цел тим ако се заболи еден играч е лоша одлука, односно тоа значи дека сезоната со 100000% сигурност нема да се заврши, затоа штоа ако еден играч се зарази, ке треба цел тим у карантин да оди, а ако оди цел тим првенството нема да може да се доигра. Најдобро е доколку има заразен играч само играчот да оди во карантин, а останатите да бидат тестирани на дневна основа како што и е одлучено.

Друго решение и реално можеби најоптимално е плеј оф за титула и испаѓање. Е сега проблемот е каков формат да биде плејофот, колку екипи ке бидат опфатени и дали ке бидат земени во предвид резултатите и бодовите од меѓусебните дуели во шампионатот.
 
За да не бидат оштетени првите две од Серија Б, може наредна сезона да брои 22 тимови
Не зезај, уште ова фали, сезона со 22 клуба. Не знаеме ни каква ќе биде новата нормала, и дали нема да има втор бран зимоска...

Ако нема првак во прва лига, нема ни во втора лига, јбг сега, таква им била среќата. Лигава објективно треба да се намали на 18 во иднина.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom