Ухх, многу имам шо да мрчам за сезонава, не само за Лацио, туку општо за цела лига, али ај на кратко...
Лацио је мало више подбацио

Искрено, не сметам дека имаме квалитет за топ 4, али секако не сме за 8мо место. Често коа се мрчи на јувентинине за одземените титули, забораваме дека тогаш беа казнети (меѓу другите) и Лацио и Милан за истите гомна. Оваа сезона ептен ми ги појача сомнежите за прљави игри. Онака да ти се одмили гледање на омилениот клуб. А не дека кога ќе видиш Лотито не ти доаѓа мисла шо криминалец е, заедно со Игли Таре до него. Исто и irriducibili често ме вадат од такт и чудно шо никој овде не искоментирал за ова пред повратната утакмица у купот со Милан
Останативе па шо се борат за топ 4, шо да се каже, кој од кој поумрен. Интер среќа има најбољи тим (да речеме) на хартија, па некако ваљда ќе догураат до ЛШ. Милан очај невиден, уште прошла година имав пост дека огромна грешка ќе им биде ако го остаат Гатузо, еве се докажа. Рома ич не ја коментирам, ама логично со оглед дека се распродадоа. Аталанта свака част за мотивацијата и тимски дух, ама толку после сезонава.
Да се навратам на Калчо, мислам дека поместена лига (од големиве) не постои и дека Италијаните се Балканци, само со поише пари, корупција на сите страни, национал фашизам и остали гомна. Додека е ваква ситуација, нема шанси да бидат конкурентни во Европа.
Поентата за крај ми е, Лацио ми е дел од живот над 20 години, што и да се дешава го носам у срце (је је, патетика знам, али вистина е) ама додека не се оправат работите во Калчо, не планирам да се замарам (нормално ќе ги следам Лацио, али не планирам да кинам живци). Ќе си глеам ЛШ и чат пат Премиер, си имам различни фаворити, на пример ептен ми се супер Ливерпул и многу ми е криво шо ова им се дешава ради Пепот нездрав, Ајакс ми се освежување невидено, да ти е милина да ги гледаш, и некои слични изненадувања како Рома кога ја исфрли Барса, па здравје боже, ко ќе решат Италијанине дека ќе играат фудбал, ќе се вратам на Калчото.