Ди Франческо е арогантен лигуш, не викам дека ми е криво за него, ама смешно е колку често тренерите се користат како scapegoat за промашените сезони на клубовите. Мислам дека во едно 70% од случаевите на отпуштање на тренер, вината лежи дебело на друго место. Овие се само лесна мета. Играчите се секогаш хероите, останатиот менаџмент е горе-доле невидлив за јавноста и вината некако природно паѓа кај тренерите. Реално, како и да вртиш, убедливо најголем фактор кој влијае на успесите на клубот на долг рок, е квалитетот на ростерот. Тренерите, нормално, имаат свој ефект врз резултатите, ама во фудбалот од 2019 година нема револуционерни тактички решенија и системи, се се знае, за се има одговор.
Квалитетот на тимот, нормално, зависи од парите кои може да ги инвестира клубот. А, во светот на ффп правила, парите се резервирани за горе-доле десетина клубови. Оние кое не биле дел од овој клуб на богати, а успеваат да влезат во него, успеале после долг и тежок пат од сезони каде константно биле overachievers и, ако сме искрени, имале тон среќа. Европскиот фудбал во моментов е систем на касти.
Што не носи до клубови како Рома (и Наполи би влегле во оваа група). Проблемот за клуб како нив е што, сезони како ланската со полуфинале ЛШ и претходната со Спалети им се максимумот со оглед на нивните можности. Едноставно немаат пари за да создадат тим кој ќе игра за титули, посебно кога се натпреваруваат во средина со стабилни, помоќни конкуренти. Во најдобрите години, едвај ја поминуваат границата на приходи од 200 милиони, како би конкурирале на Јувентус во лига, кој има дупло од нив, или со Барса, Реал и МанЈу во ЛШ кои имаат тројно од нив. Во ситуација кога е исклучена опцијата некој да инвестира во нив со години, додека не ги донесе до ниво да можат да се тркаат со овие клубови, единствена опција е оваа мачна стратегија на, надеж дека ќе ти се погодат таленти од кои ќе направиш профит, и еден тон на случајности со резултати, кои ќе те однесат на следното ниво. Тоа е она што го прави Рома последните сезони, и што го направи и Мончи сезонава. Посебно што го имаа ффп на врат.
Ја не знам зошто оваа сезона, до сега, би била неуспех. Поминаа група во ЛШ, во борба за места во ЛШ се во италијанско, во ситауција кога правеа ремонт летото. Што беа очекувањата? Дека ќе играат за титула со Ундер, Заниоло, Кристанте и Нзонзи. На лето си го растурија најдобриот дел од тимот, средниот ред. А мораа да го растурат, зошто ова беа последните сезони кога можеа да извадат добра цена за нив, за да можат да ја продолжат истата мачна стратегија под ффп правила. Тренерот воопшто не потфрлаше, ни мислам дека Мончи заврши толку лоша работа.
Проблемот е ако некој ветувал дека ќе одат чекор напред од лани, иако знаел дека ветувањата не можат да се остварат. И тоа што, навивачите поверувале и го очекувале тоа, па сега се револтирани и бараат кривец.
Нормално, тренерот е најбезболниот изговор и затоа ќе биде употребен во случајов, ама тешко дека ќе смени нешто. Доволно за да се смират навивачите и да се продолжи по старо.