Serie A 2018/2019

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Џиги е Мацари, а овој се надевам дека не е Марио :icon_mrgr:

Едит: сеа приметив дека не прашуеш уствари кој е Џиги :)
Само посакав добредојде, веројатно ќе не удостои пишман аџијата :D
 
Да али моментално квалитетот на останатите тимови се зголемува а Наполи дури и назадува, барем до сега. Како што кажав погоре напаѓач немаат, Мертенс и Хамшик одат во надолна линија, голман немаат, тие Мерет кур се тресе се ризични инвестиции, немаат проверена роба ко Реина, одбраната иста и непроменета со коњот Албиол, Жоржињо им отиде, плус на клупата го имаат големиот маг и мајстор за титули во домашните првенства, господинот Карло Анчелоти. :icon_lol:

Ако не купат нешто квалитетно овој преоден рок може само да се сликаат со се елката на Карло.

Па не се баш уназадени, само Жоржињо и нов тренер, кој може да испадне уште подобар од Сари. А на местото Жоржињо е купен Фабиан Руиз, плус го имаат Диавара.
Како тоа Мертенс уназадува?? Лани и полани имаше одлични сезони, не гледам причина зошто не би ги повторил и оваа година. За напаѓач, напротив издржаа без Милиќ цела година, овој сега како појачање ќе им дојде. Екипата е баш у играна.

И кажи вака поопширно за кои тимови мислиш квалитето што се зголемува?? За Интер ли??:D
Свесен ли си дека големи се шансите поштено да ве издигнат од земја и оваа година и нормално да завршат пред вас?? :icon_lol:
 
Мертенс дека е у наполи ќе иде во надолна линија. Да дојдеше во Интер супер ќе беше немаше да е во надолна линија. Он е во надолна линија ама затоа за Наинголан нема да пише таква работа што е повеќе веројатно он да оди во надолна линија него ли Мертенс.
 
Хахахаха да бе, ете тоа не ми текна, Мертенс во исти клуб е исто и години како Наинголан има, ама на него кариерата ќе му оди во надолна линија, а Раџа кој го сметаат за најјако засилување ова лето, смени клуб од кој што не сакаше да си оди, за него не важат годините и надолната линија, колку само нерезонско и субјективно размислување:D

Ја не викам дека нема да се погоди Раџа, да се разбереме, мош ќе искине наредната година. Ама не ми се јасни овие двојните перцепирања на играчите(n)
 
Последно уредено:
Интер се у надолна линија осум години ама ај да не им кршам филм:)
 
Хахахаха да бе, ете тоа не ми текна, Мертенс во исти клуб е истои години како Наинголан има, ама на него кариерата ќе му оди во надолна линија, а Раџа кој го сметаат за најјако засилување ова лето, смени клуб од кој што не сакаше да си оди, за него не важат годините и надолната линија, колку само нерезонско и субјективно размислување:D

Ја не викам дека нема да се погоди Раџа, да се разбереме, мош ќе искине наредната година. Ама не ми се јасни овие двојните перцепирања на играчите(n)
Тоа е проблемот. И ја не викам дека Раџа ќе флопне во Интер. Право засилување е ама тие двојни стандарди што ги имаат се страшна работа. Сеа ќе се врати со некоја хехе смешка во врска со Милан што воопшто не е поврзано со муабетот. Друга работа еве најубаво ти знаеш каква сезона имаше Раџа во Рома последнава година и каква сезона имаше Мертенс со Наполи и кажи кај кој е поверојатно да иде во надолна линија?
 
Па не се баш уназадени, само Жоржињо и нов тренер, кој може да испадне уште подобар од Сари. А на местото Жоржињо е купен Фабиан Руиз, плус го имаат Диавара.
Како тоа Мертенс уназадува?? Лани и полани имаше одлични сезони, не гледам причина зошто не би ги повторил и оваа година. За напаѓач, напротив издржаа без Милиќ цела година, овој сега како појачање ќе им дојде. Екипата е баш у играна.

И кажи вака поопширно за кои тимови мислиш квалитето што се зголемува?? За Интер ли??:D
Свесен ли си дека големи се шансите поштено да ве издигнат од земја и оваа година и нормално да завршат пред вас?? :icon_lol:
Според тебе Рома е појака или послаба оваа година? Не ве следам многу, освен што видов дека инкасиравте еден тон пари за голманот што ви донесе многу бодови лани и Наиголан кој премина во Интер.

Јас за Интер искрено сметам дека е подобар од лани. Значително подобар. Не успеавме да ги купиме Рафиња и Кансело, точно, но тимот ако се сеќавате во првиот дел од сезоната го немаше Рафиња на располагање а Кансело беше опција од клупа и му требаше време да се адаптира па 9ак бевме на самиот врв до преодниот рок. Така да од оваа сезона почнуваме со Асамоа и Наиголан, првиот ни е значително подобрување на било кој што сме го имале на левата страна во последните неколку сезони и ќе биде сигурен стартер. Наиголан е Наиголан, ако е фит и без повреди ќе придонесе со цврстина во средниот ред, нешто што многу ни фалеше бидејки противниците не кинеа на контри цела сезона.

За Де Фрај јас лично немам некое високо мислење но ете гага трансфер да додаде на длабочина во одбраната, може ќе се наметне па ќе го седне искусниот Миранда на клупа во иднина. За Вршаљко исто, јас не сум го следел и немам изградено мислење но донесен е да биде појачување на десната бековска позоција, место на кое до сега го имавме Дамброзио и Кансело.

Трнсферот за кој највеќе сум напален е Лаутаро Мартинез. До сега во припремните натпревари највеќе покажа (не дека тоа е некое мерило пошто таму се игра без притисок). Лаутаро поседува одлична техника, осет за гол и правилно позиционирање, знае да прими топка со грб и да одигра на прва со Икарди или друг соиграч. Дали ќе биде стартер на почеток не знам, скоро ќе пуни 21 година и доаѓа од јужна Америка, но засега делува дека брзо ќе биде вклучен во првиот состав во блиска иднина. Само како потсетување до сега како опција во нападот го имавме само стерилниот Едер и во 2-3 наврати шанса добиваше Карамо. Сега оваа година и од Карамо се очекува повеќе минутажа и позрела игра. Лево земавме некое црнче Салседо од Џенова за кој реално оваа година не верувам дека ќе добие минутажа, но и тој е опција од клупа.

Имаме неколку нови стартери и играчи за длабочина, во исто време се ослободивме од непосакуваните играчи како Сантон, Нагатомо, Кондогбија, Биабијани а ги заменивме со играчи кои ќе можат да му помогнат на тимот. Ова е година која имаме играчи кои на прв поглед ми делуваат "meh", но баш ваквите се испоставиле како најдобри засилувања во изминатите години.

Моја храбра претпоставка е дека ќе завршиме на второ или трето место оваа сезона. Мислам дека флоп на сезоната ќе биде Наполи, не дека Анчелоти не е добар тренер или Наполи има лош состав туку дека таа група играчи се составени од Маурицио Сари и се пренавикнати на неговиот систем на игра и тоа мислам дека ќе биде пресудо за нив. Милан мислам дека ќе имаат добра сезона иако неверувам дека ќе завршат пред нас.
 
Тоа е проблемот. И ја не викам дека Раџа ќе флопне во Интер. Право засилување е ама тие двојни стандарди што ги имаат се страшна работа. Сеа ќе се врати со некоја хехе смешка во врска со Милан што воопшто не е поврзано со муабетот. Друга работа еве најубаво ти знаеш каква сезона имаше Раџа во Рома последнава година и каква сезона имаше Мертенс со Наполи и кажи кај кој е поверојатно да иде во надолна линија?
Шинтерашка работа, за Роналдо го потекуоа куроффф со хихинциии како е стар, како Гамберини ќе го искине, му поминало времето, ќе им поебе хемија. Ги поврзаа со Модриќ и сето тоа не важи за него, Дно од фанови
 
Рома? Абе Рома немаше врска со муабетов, али ако сакаш мислење за Рома еве ќе ти кажам, како што стојат работите и под претпоставка дека нема да донесат квалитетни играчи на двете позиции што ни фалат во најлош случај и предвидувам непласирање во ЛШ, односно под 4то, бидејќи нашата управа втора година по ред се коцка со играчкиот кадар, лани фактички и со тренерското место се коцкаа. Еве оваа година искупуваа млади играчи кои бог ти знае дали ќе имаат некој импакт во сезоната. Али на пример ако донесат добри двајца играчи на позициите задњи везни и десно крило, сметам дека ќе имаат подобра сезона од лани и дека местото за во ЛШ нема да биде под знак прашалник, како оваа што беше на 3-4 кола пред крајот.

Муабетов е што еве твојата претпоставка е дека Анчелоти со Наполи ќе бидат огромен флоп, што не велам дека нема да се деси. Ама да ми кажуваш како се надеваш на Мертенс и на Хамшик да и падне формата бидејќи се во години а воедно да се величиш со Раџа Наинголан што е во иста позиција со претходните двајца играчи, плус средина смени, е ако не друго апсурдно, затоа и реагирав.

Али пак велам, можно е Раџа да ја повтори годината кога беше под Спалети во Рома и да направи дабл дабл учинок и да ја дигне играта на Интер на еден поголем степен[DOUBLEPOST=1533585287][/DOUBLEPOST]
Тоа е проблемот. И ја не викам дека Раџа ќе флопне во Интер. Право засилување е ама тие двојни стандарди што ги имаат се страшна работа. Сеа ќе се врати со некоја хехе смешка во врска со Милан што воопшто не е поврзано со муабетот. Друга работа еве најубаво ти знаеш каква сезона имаше Раџа во Рома последнава година и каква сезона имаше Мертенс со Наполи и кажи кај кој е поверојатно да иде во надолна линија?

Раџа имаше ајде да не кажам лоша, али просечна сезона во Рома. Ама тоа не се должи само на неговата игра и форма, туку и на примена на формацијата која ја бараше ЕДФ од него. За разлика од Спалети, ЕДФ го повлече многу повеќе дефанзивно, ради тоа ни трпеше нападот, а тоа вчијаеше и на неговата лична статистика и игра.

Сега со Спалети може повторно да избувне и да биде како пред две години јак, ама може и да крахира. Зависи колку ќе биде мотивиран, прво не му се одеше од Рим, му кажаа дека е на трансфер листа,а тој под секој услов сакаше да остане во Италија и Интер тоа го искористи.
Гледам и ден денес си коментира со старите соиграчи на инста и ги прати што прават и баш ме интересира како ќе се понаша оваа година :)
 
Последно уредено:
Хамшик и лани не беше вистинскиот Хамшик, така да он дефинитивно ќе оди надоле, презаситен ми изглед а го стигаат и годините.

За Мертенс ќе си продужи да гази сезонава.

Најголемата загуба им е Жоргињо, мотор е.
 
Ако гледаме така и вие го изгубивте Сантон
 
Алан е исто многу цврст играч, има одлични стартови на топка и добра пас игра. Фабиен Руиз не ми е познат. Го бива?

Поголема загуба од Жоржињо им е тренерот, мислам дека беше најзаслужен за формата на Наполи во последните неколку години.
 
А вие се засиливте :D

Не знам за него.

Мене па Наполи уште од времето на Кавани, Маџо и компанија ми игра добар фудбал, така да мислам дека тренерот нема да им фали. А исто дека Сари ќе се мачи во Челзи.
 
Dokolku napoli ostane so istite igraci kako lani mislam deka nema da imat nekoi problemi za da bidat top4. Samo neveruvam deka ke bidat konkurentni do kraj da se borqt za 1 mesto kako sezonata sto pomina tuku ovaa ke se macat mnogu poveke.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom