До каде стигна шампионот Ламела?
Очекувам интересна сезона,
пред се од Наполи голем притисок за Скудетото. Покрај тоа што не купија ништо сериозно, ним и не им требаат некои преголеми промени, имаат одличен состав кој е воигран и предност им е тоа што малку се ставени на страна од големиот хајп околу Милан. Говорејќи за нив тие секако заедно со Интер се енигма, од премногу фактори зависи каква сезона ќе имаат. Не постои гаранција дека ќе бидат успешни, бидејќи не е само трансферите да се направат, туку тој тим мора и на теренот да заигра.
На крајот мислам дека се ќе зависи пак од Јувентус, кој ако ја задржи менталната стабилност против помалите екипи и разорната форма на домашен терен, пак ќе оди 90+ бодови и тешко дека некој ќе ги следи. Сепак и за ова нема гаранција, бидејќи ништо не трае вечно, а 6 титули по ред се веќе доста сериозна работа и нема да ме чуди ако дојде до некои промени.