Со оглед на тоа што задутре се игра суперкупот, а за една недела почнува првенството, време е да дадам мое мислење за сезонава
Јувентус: Е сеуште фаворит за првото место во лигата, можеби е ослабен во одбраната со заминувањата на Бонучи и Алвеш, али затоа дополнително се засили во нападот со купувањето на Коста и БернардесШки, башка до крајов на трансфер периодов сигурно ќе се донесе уште некој играч од средината и некое бекче значи ќе бидат ваљда комплетирани до 1 Септември... е сега ако тие засилувања бидат паник бај како од типот на Бендтнер и Хернанес, ќе му го ебам ќорото око на Марота и неговиот побратим Капетан Пештерко
Милан: Овие купија најмногу играчи, потрошија 200 милиони а главна цел ќе е место во ЛШ ...

Најзвучно име од тие засилувања е нормално Бонучи кој уште недојден му ја дадоа капитенската лента, тоа е уште еден доказ која мизерија од клуб е станат Милан. Ако прошлата сезона најдобар "поединец" на тој мртов тим беше тренерот Монтела, оваа година очекувам тој да биде најслабата алка... Купија 10-ина играчи, али Виченцо сеуште ме нема убедено дека е квалитетен тренер, не ми изгледа дека е човек кој може да го подигне тимот на повисоко ниво, као еден Конте на пример, или пак Инзаги со Лацио.
Интер: Горе-доле истиот тим, купија бекче и во него гледаат како на второто доаѓање на Исус. Шкрињар викаат дека е добар али што знам не сум го гледал дека е небитен ко ланскиот снег. Спалети е квалитетен тренер што негува убав напаѓачки фудбал за око, така да очекувам да ги нема оние мртвила по кој беше познат Интер прошливе сезони. Пласман во ЛШ не им бега на овие
Рома: Ми е енигма сезонава, Ди Франческо правеше чуда во Сасуоло, али Рома е сосема нов терен за него... Го продадоа Салах, убер важен играч за нив, Рудигер истотака го шитнаа, купија некои играчи како Коларов, Пелегрини и штотијасзнам... Али еве за Марез веќе преговараат месец и пол дена. За тоа време ќе ги купеа Меси и Роналдо, ќе им го украдеа Нејмар на ПСЖ, ќе го купеа Бонучи пред Милан, а можно е да го донесеа и Мбапе на позајмица... али не тие по паметот на Марез тргнаа... Мончи мадафака
Наполи: Клубот кој игра најубав фудбал во Италија, али според мене останува фактот дека немаат широка клупа. Сари одлично ги води момците, нема заебанции кај него, тој заедно со АДЛ се како диктатори во клубот, никој не се побунил да замине, а зуцне некој одма мафијата е тука да среди работа. Не пазареа многу летово, али за мене се најголем конкурент на Јувентус за Скудетото... страшно добар тим имаат, а воопшто не трошат многу, капа доле за нив
Лацио : Не сум запознаен многу со нивните засилувања, а богами незнам ни дали ќе ги задржат до крај Де Вриј и Кеита Балде... али знам дека Инзаги е убер, екстра квалитетен тренер. Ако некогаш не напушти Доктор Глобил, токму Симоне Инзаги сакам да го видам на клупата на Јувентус. Можеби беше лош како играч, далеку понеквалитетен од брат му Пипо, али за тренерскиве работи е Марчело Липи и Ариго Саки две во едно. Лацио можат да го продадат цел тим, овој пак ќе ги однесе во ЛЕ или евентуално во ЛШ со 4 завршено место.
Фиорентина : Пропо

Решија Дела Вале да се повлечат од клубот и се продадоа, додуша во ќар се негде 80 милиони, али што кур кога пазарат некои тотални анонимуси. Уште Калиниќ и Томовиќ им останаа на браникот на држ...тимот. Пиоли е добар тренер и можеби, МОЖЕБИ ќе им обезбеди пласман во ЛЕ, али сепак ептен се ослабнати од прошлата сезона, а знаме дека не беа баш најсјајни и минатата сезона.
Киево: Нема зима за овие хехехе, опстанокот ќе го обезбедат во Октомври месец, потоа ќе продаваат бодови... Пелисие, Дајнели и Сорентино годинава ќе прават 20 години матура, а очекувам да бидат во тимот и за 30 годишнина...детето што стигна од Баерн ќе биде на големи маки кога ќе го остават само во напад, а овие ќе се влечкаат одпозади. Нека прими сочуство од мене