Нормално е дека цела Италија ќе збори за "пеналите"... позади добриот коњ прашина се крева. Всушност целиот овој пост најдобро ја опишува фрустрацијата на интерашиве од прошливе сезони. После 2010 најголем успех им е што го тепале Јувентус на Јуве Арената во 2012... друго ништо не сте направиле. А од 2010 еве веќе поминаа 7 долги и сушни години. Со самиот факт што потајно се надевате на уште едно Калчополи доволно говори за тоа колку сте очајни и бедни како фанови.
Видете во 2006 Јуве беше исфрлен од лига, најдобрите играчи си заминаа и требаше цели 5 години да се врати на старите патеки... од друга страна Интер не беше исфрлен во понизок ранг, туку самиот клуб реши да ги продава своите најдобри играчи за ефтини пари се ради недомаќинското трошење на челниците на клубот. Главната разлика меѓу Јуве и Интер е тоа што нашиот тим цели кон иднината, така беше и во 2006 кога го исфрлија, почнаа да градат млад тим, да се ориентираат кон иднината, да градат стадион, беа потребни години за да се дојде до она што сме денес... најдобар клуб во Италија, и меѓу најдобрите во Европа... додека вие сеуште гледате кон минатото, се надевате на ново Калчополи, и некако пак да се протнете на чуден начин до првото место, ама тажната реалност е што и да има еве нов Калчополи, и пак да не исфрлат во втора лига, вие
НЕМА да бидете шампиони во Италија... тоа ќе бидат Рома, Наполи, Лацио а можеби и Фиорентина. Зошто? Дека сте беда од клуб, дека неплански работите, ве престигнаа едни Наполи кои во 90-тите и првата половина од прошлата декада гниеја во Серија Б, а сега се над вас, со здрав тим кој постојано се бори за првите три места во Италија. За Рома и Лацио да не правиме муабет... И да не исфрлат повторно во Серија Б, пак побрзо ќе се консолидираме од вас, тоа е тажната (за вас) вистина.
Кинезиве можеби ќе ви донесат добри имиња, ќе имате квалитетен тим, ама од кај знаете кога ќе им прдне па ќе ве напуштат? Така е со нив, не се како италијанциве што се приврзани за своите клубови, Лотито колку и да го плукаат лацијалите, факт е дека го спаси тимот од банкрот. Дела Вале исто со Фиорентина, Де Лауреантис со Наполи... и здраво си тераат во Италија. Со кинезиве никогаш ништо не се знае, денес се утре не се во тимот. Али ај, ако мислите дека со новите сопственици ќе го освоите светот, ондак не ви го расипувам меракот... терајте си го патот, надевајте се на ново калчополи, а дотогаш ние ќе си царуваме на меѓусебните дуели и уште долго ќе ве мачкаме како Аргета.