- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.149
- Поени од реакции
- 122.379


Лудило еј.
Иначе апсолутно битна е титулата во купот, но ако е во прашање пласманот на тимот во ЛШ секако дека тоа е поголем приоритет од титула во купот.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


Како и да ја вртиш само со учество во ЛШ може да е неколку пати повеќе добивката од освојување на купот.Колку изнесува паричната премија за оној тим што ќе го освои купот?
Како и да ја вртиш само со учество во ЛШ може да е неколку пати повеќе добивката од освојување на купот.
Не ја знам точната бројка но сигурно е мизерна сума.
@DeviAngel дај бе прокопај дома по тоа италијанските весници шо си ги принташ за да се фураш на Широк Сокак доека пиеш кафе :ДЗатоа прашав... пример ете вечерва АКО Јуве го помине Баерн, на сопственото конто ќе инкасира 13 милиони (За влез во четвртфинале)
Затоа ме интересираше колкава е финалната премија за освојувачот на Купот

Играта како игра не беше воопшто лоша и можеби ќе успееше против билокој друг тим од билокоја држава, сепак Италијанците се махери за паркирање автобус пред голот. НО сепак ова се Германци и кај нив не пали тоа, особено она убаво ти беше кажано, се повлекоа скроз во шеснаесетник и тоа беше пресудната грешка.Сами се елиминираа Јуве. Не знам за вас ама мене ми е ептен криво што испаднаа на еден вака глуп начин. Алегри колку што заслужува пофалби за она што го играше Јуве денес 60 минути, толку заслужува и критики за тоа што го играа во вторите 60 минути од денешниов натпревар и сите 90 минути од првата утакмица во Торино. Уште на првиот натпревар Јуве премногу го прецени Баерн и несфатливо за мене тргна доста дефанзивно во ситуација во која што германциве дојдоа без штопери во Италија. Со голема доза на среќа спаси гз Јуве на таа утакмици и извади 2:2, но искрено мислев дека тоа ќе биде и нивниот максимум во двомечот затоа што следуваше денешниот реванш во Минхен. И тука целосен пресврт во случувањата...изненадувачки стартуваше Јувентус со висок пресинг и само за 5мин постигна гол кој што им носи резултат за 1/4 финале. Многу паметно изиграа и по дадениот гол кога му оставија простор на Баерн да игра со топка, а да не биде нималку опасен по голот на Буфон. Тука одново искористи Јуве една грешка на Алаба по која што Мората го претрча цел терен, асистираше до Квадрадо кој што погоди за 0:2 и се чинеше дека тука му следи демолирање на Баерн. Реално до тоа и можеше да дојде ако погодеше Квадрадо или доколку му беше признае голот на Мората (според мене чист гол), но се извади Баерн во тие моменти. Во второ полувреме првите 15 минути Јуве одново ги одигра премногу искусно и паметно и создаде одново шанса за гол, но Мората не реализираше. Сепак за нив најважно беше тоа што Баерн го држеа далеку од голот на Буфон и буквално ги примораа играчите на домаќинот да се изгубат на терен и да не знаат кај тераат. Баерн не играше ништо се до таа 60та минута во која што Јуве апла се повлече. Две одбрамбени линии на 20м од голот на Буфон е апла дефанзивна тактика од која што е скоро невозможно да не се прими гол 30 и кусур минути. Мораше во тие моменти Јуве одново да ја извлече таа прва одбрамбена линија барем на некои 30м од голот на Буфон затоа што очигледно беше дека му е оставен премногу простор во средината на Баерн за да игра со топка и лесно да доаѓа до позиција за центаршут. Тука би ги спомнал и измените кои што според мене беа доста рано направени, а и грешна онаа измена Мората-Манџукиќ бидејќи хрватов е доста послаб од шпанецот во играње со топка. Не издржа одбраната на Јуве, примија 2 гола во последните 15 минути и тука веќе беше јасно дека во продолженијата ни Господ не ги вади. Едноставно самите се ставија во позиција да мораат да ги играат тие 30 минути дефанзивно како што играа во периодот од 60та до 90та минута. Во една таква ситуација кога концентрацијата е на пониско ниво заради заморот јасно беше дека една екипа може да го добие мечот во тие екстра минути, а тоа беше Баерн заради фактот дека они се тие што напаѓаат, а Јуве со Манџо како најистурен играч тешко дека и од контра би бил опасен. Во секој случај покажаа машки фудбал и покажаа дека се за најмалку 3 класи подобри од било која итаљанска екипа во моментов, но тоа преценување на противникот во голем дел од двомечот на крај скапо ги кошташе.
Пошто Милан се утепаа од освојување титули па ај купот бил за Лацио и Интер.![]()