Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Џабе е се, ако се нема тренер, Интер ако сака и Меси нека го донесе.

Јуве првите две сезони под Конте немаше некои бум трансфери, повеќето беа играчи ветерани, ван форма, со лоши сезони позади нив, играчи од Серија Б, играчи што доаѓаа по завршувањето на договорите...
Конте ги инкорпорираше сите нив во еден систем и го извади најдобро од сите, даваа по 102,5 посто.

Све зависи до платата на Јаја Туре, ако е во граници на нормала за тим од Серија А, тогаш не е лошо да се проба, може да испадне нешто како Пирло во Јуве, комплетно да се поврати.
Нормално и цената за играчот да е некоја багателна.

Али пак ќе кажам, без тренер ништо, воопшто не се исплати да се почнува некој проект.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Ама ако ги изгубат Погба, Видал и Тевез тогаш и не го гледам Јуве многу пред Интер ако овие успеат да ги земат Јаја и Јојо.
И да ги дадат овие три играчи на нивно место сигурно ќе дојдат доста квалитетни замени.
Сигурно нема да останеме со Падоин и Пепе за во прв тим.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Неможе да се очекува титула толку брзо, но со квалитетни засилувања може и те како да се биде конкурентен и одма зад Јувентус, плус Јувентус сигурно ќе има цел освојување на ЛШ, а со заминување на клучен играч како Погба или Видал, само носење на играч како Верати може да ја потполни таа празнина. Тевез реално во оваа лига е најдобар напаѓач, класа играч и една од клучните алки за овие успеси на Јувентус оваа сезона, и нема да биде многу лесно наоѓање на негова замена, тој сигурно ја игра предпоследната сезона во Јувентус.
Јувентус како тим е многу силен за оваа лига, и скоро па се прошета до титула оваа сезона, буквално без никаква конкуренција.
Кога може Рома со 2-3 грка во одбрана и уште неколку просек играчи и играчи што се во залез на кариера да биде 2-3 место неколку години, може лесно Интер и Милан со асална трансфер политика да бидат тука.
За одбраната џабе правиме муабет, далеку од тоа дека Интер има добра одбрана, Ранокија го има она лузерското во него и е киксер, Хуан е млад и не мисли. На Интер во овој момент му треба најмалку еден класа центарлен и еден класа бек на местото на ДАмброзио, дека овој слаб е во офанзивна игра.
Исто фалат напаѓачи, го имаме само Икарди, Паласио е променлив, повеќе од пола сезона не играше ништо, последниве 15 утакмици крена форма, постигнува голови и асистенции. Фалат 2 напаѓачи, Јоветич ако дојде и уште еден, Манчини би требало да игра со 2 напаѓачи и зад нив плејмејкер, 4-3-1-2.
И на крај Манчини го направивте многу лош тренер, сигурно не е класа тренер како Мурињо, Анчелоти и слични, но далеку од тоа дека е лош тренер.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.335
Поени од реакции
86.464
Ако ги продадеме Погба, Тевез и Видал, парите ќе одат во нови трансфери, а не во крпење на долгови :свиркам:

Не сериозно, летово најголеми шанси има да замине Погба (од јаките играчи), и за тој трансфер ќе добиеме еден куп пари, кои ќе бидат инвестирани во нови играчи. Тевез ќе остане уште една сезона, но се шпекулира дека ќе му биде понудено да го продолжи договорот на уште една, се зависи од него дали ќе прифати или не. За CAROT да не правиме муабет, минатата година одбиваа суми од 60 милиони за него, па негледам зошто сега би го продале, а башка колкушто читам никој не се нафаќа сериозно да го купи. Ќе има квалитетни засилувања летово кај нас :)... но она што ме чуди е што повеќето тука се крстат да продадеме некој играч за да биде лигата поизрамнета, а не гледаат нивните тимови да испазарат нешто квалитетно па да се доближат некој чекор поблизу до Јувентус. Така ќе биде најдобро за нив, а и за лигата во Европа....

цццц, да сме продавале играчи :boksix:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ај да бидиме реални. Јаја Туре нема теорија да го крени Интер сам по себе. Јаја Туре можи да биди некаков си Пирло за новиов Интер ама за играта на ЈајаТуре мислам дека годините имаат поголем импакт отколку за играта на Пирло.
Со сигурност Матри и Вучко не се најзаслужните за успехот на онај Јуве од првото скудето. Ако треба да бидам поединец тогаш тоа е Пирло и можеби Видал. Ама никогаш поединец не носи титули туку тоа е синергијата што ја направи Конте. Важен е тимот а не кои поединци играат во него.
Она шо ми се допаѓа во Италијанските клубови последните години е дека кренаа раце од мултимилионски засилувања и се концентрираат на новајлии и искусни играчи. Ене ги Погба, Дибала, Фалипе Андерсон, Заза, Перин и така натаму. Овие се играчите кои исправно употребени носат успеси.
Интер ќе направи преголема глупост ако на Јаја Туре потроши многу пари. Што е проблемот. Сам по себе утре нема да ги направи шампиони на италија, ниту пак некој треба да очекува од него скудето. Она што треба интер (па и Милан) да направи е здрав скелет кој од година во година ќе го надградува. Јаја Туре можи да биди ангажиран за споделување на искуства и или привремено решение за некоја позиција. Висока плата, па и висок трансфер се џабе фрлени пари.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Интер според сите досегашни вести и информации планира да прави ремонт на тимот што мене ми се допаѓа, а и време беше. Умре времето на Морати кога се купуваа играчи со мултимилионски договори и се преплаќаа истите. Жутокљунецот не работи по тој принцип, се гледа по неговите изјави и заинтересираност околу целата ситуација. Повеќе бираат "отпадоци" од екипи како Јоветиќ и по некој јак играч како Јаја. Е сега јас мислам дека одат на проверена варијанта околу играчите, нешто како кога Мурињо собираше отпадоци од клубовите и со нив освои триплета. Не велам дека Интер ќе освои одма, но изгледа одат по тој принцип. Јоветиќ, Јаја, Дармиан, купен Мурило, изгледа и Шакири ќе биде откупен, прекомандуван во прв состав Гнокури и играчи во форма како Икарди, Гуарин, Исус, Ранокија се создава конкурентен тим кој би се приближил на Јуве во трка за скудетото. Но поголем проблем од играчите би претставувал Манчини кој не знае за друга тактика освен неговата, па ако со таа тактика победи три утакмици, а четири изгуби нема врска тоа, ќе продолжи да ја фура истата. Тактички е лимитиран и нема интелигенција за нешто повеќе, нешто како Мурињо што правеше, се прилагодуваше на играчите и лигата, а не обратно.
Но да се надеваме дека сеуште има време да созрее едно 50% повеќе тактички бидејќи Тихо изгледа на лето спрема добро трансфер лето.

Ханда би се продал ако стигне добра понуда од околу 20 милиони и на негово место би се донел Перин. Икарди го продолжи договорот со Интер, Ковачич по се изгледа не мрда од Интер, па изгледа Ханда ќе биде жртвата заедно со отпадот од тимот во облик на Нагасан, Оби, Крхин, Кузма и остала багра. Од нив Интер би имал ќар од околу 40-50 милиони максимум по некој груби пресметки со плус 60 милиони максимум чисти за трансфери и се добива една добра сума за одлични трансфери кои би го кренале Интер.

П. С во врска со заминувањето на Погба од Јуве излезе информација дека наводно за околу 80 милиони ќе потпише за ПСЖ. Мислам дека ќе им се удри од глава на Јуве ако го шитнат него, а не Видал, пошо играч ко Погба еднаш се раѓа во 20 години, со таков потенцијал и брзо фудбалско созревање.

П. П. С Јаја Туре ќе биде тата мата во Серија А ако дојде, а изгледа и е договорен веќе. Ако има веќе 31 година, има уште фудбал во него и лигата како што е очајна, ќе биде бог и батина. Во овој моментален Интер каде нема лидер во средниот ред одлично ќе се вклопи и ќе легне како кец на десетка

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не се годините проблем кај Јаја, види каква атлета е, до 40 може да игра. Тоа што малце скрена од лани, тоа е проблемот. Сите го сметаа меѓу најголемите професионалци фудбалери а тој фати да си го црни името со тоа што не му честитале роденден од твитерот на Сити, па цело лето сакам ваму, па таму, па си одам, па не си одам, па агентот ме излажа, па него го излажале... :icon_lol: Тоа однесување не личи на него. Ако се уозбили како Тевез, може да го има истиот ефект кај Интер како што го има првиов кај Јуве.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да ги прашаш сеа овие од Јувентус (не фановите на форум, него тие у управа) дали се каат што не прифатија 60ка за Видал лани, 150% сум сигурен дека ќе речат да.
Пошто сезонава како (не)изигра и 16 милиони се многу.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.139
Поени од реакции
18.108
Не се збори за шампион туку за приближување кој Јуве односно еден вид борба за титула, пошто реално Јуве е далеку од Интер моментално.
Ама ако ги изгубат Погба, Видал и Тевез тогаш и не го гледам Јуве многу пред Интер ако овие успеат да ги земат Јаја и Јојо.

Одбраната не ја коментирам, пошто на неколку утакмици сериозно покажаа знаци на подобрување пред се Ранокија кој игра одлично покрај Видиќ кој и те како ја крена формата оваа полусезона и покажува кој е уствари.
Ах бе златен од сите играчи кои ги споменувате како можни заминувања само Погба има шанси да си замине и тоа за огромна сума пари. Дури и тоа е под знак прашање и мислам дека ќе се дискутира цело лето. А зависи под тоа што мислиш приближување или борба за титула. Ако е тоа константно движење на -9, -10 бодови од Јуве тогаш во ред. Но, ако мислиш на директна борба со неколку бодови само разлика во текот на целата сезона, тогаш не е толку едноставно.

Одбраната, нападот, средниот ред и сите останати делови од тимот може да покажат знаци на подобрување на неколку утакмици или во одреден период. Ама тоа е џабе ако цела сезона не се константни. Догодина пак ќе ги видиш Ранокија и компанија катастрофа во два натпревари, па солидни во три и така до бескрај. Не ја мешај моменталната форма, со играта во текот на сите 38 кола.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Да ги прашаш сеа овие од Јувентус (не фановите на форум, него тие у управа) дали се каат што не прифатија 60ка за Видал лани, 150% сум сигурен дека ќе речат да.
Пошто сезонава како (не)изигра и 16 милиони се многу.


Сакаш реприза од последните мечој на Јуве во ЛШ? или пак последниве 2-3 месеци во Италија?
Јесте не ја почна сезоната како шо треба ама моментално е нинџа.

Ако збораме за математика и да мораш да продаваш некој кажав неколку пати Видал е тој шо треба да се продава. Ама АКО се продава ако не нормално е да се чува :)
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.532
Да ги прашаш сеа овие од Јувентус (не фановите на форум, него тие у управа) дали се каат што не прифатија 60ка за Видал лани, 150% сум сигурен дека ќе речат да.
Пошто сезонава како (не)изигра и 16 милиони се многу.
Минатата сезона со повредено колено ги одигра последните неколку кола па следуваше СП и немаше никаков одмор и реално беше очаен и неможеше да се движи. Последните месец дена полека си ја крева формата, се гледа дека физички и поспремен и посвеж но сеуште е далеку од ланската форма.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.390
Поени од реакции
25.192
Палоски дете, можеше да ги закопаш на крај.
Мртвило утакмица на мртвиот Интер.
Вечер се другите мртовци на сцена, па да видиме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom