Padroni di Roma
Aquile
Италијанецот Клаудио Лотито во секој случај е многу нетипичен претседател на фудбалски клуб.

Ние подобро го запознавме во периодот кога не сакаше да му дозволи на нашиот најдобар фудбалски интернационалец, Горан Пандев, да си замине од Лацио, а подоцна и додека настапуваше во Интер, постојано наоѓаше начини да му пречи.
Сепак, се чини овој пат првиот човек на познатиот клуб од Рим ја надмина секоја мерка.
Повеќе не го интересира што мислат навивачите, а сега дојде ред за пресметка и со новинарите. Веднаш по натпреварот против Аполон (2:1), додека одел кон соблекувалната еден новинар му поставил прашање.
„Претседателе, дали ви се допадна играта на Лацио?“, по што следувало експресно повратно прашње:
„Дали тебе ти се допадна?“, реплицирал Лотито. Новинарот искрено одговорил дека не бил импресиониран, а тогаш следувало:
„Ме боли к****, тоа е твој проблем“, заклучил првиот човек на „Небесносините“.
Иди уби се негде и спаси не