Пред било што друго да напишам една работа треба да појасниме. Ова коло Рома беше и те како потпомогната од судијата заради тоа што од 34тата минута на 0-1 резултат доколку судијата забележеше дека Дестро го удри со бокс Астори тогаш Рома ќе останеше со 10 играчи и тоа без играчот кој постигна хет-трик тој натпревар. Затоа пред да изигравате жртви имајте доблест да признаете некои работи, како онаа во недела каде што објективно имавте СРЕЌА да не играте со 10 играчи од 34тата минута што ќе беше голем хендикеп.
Сега да се прфрлам на казната на Дестро. Подолу ќе оставам еден линк, за ако има некој што разбира италјански сам да си разбере:
http://www.legaseriea.it/c/document...bdb-5ca2-4adc-8fe3-23311644e3bc&groupId=10192
Е сега вака да појаснам пред се на навивачите на Рома нешто. Непознавањето на правилата е страшна работа и може да доведе до многу забуни и погрешни сфаќања. Јас од тоа што го читам гледам дека 90% немате појма како се одвива системот на казнување на играчите во Сериа А. Значи, линкот што го поставив е неделен извештај што секогаш го изготвува т.н giudice sportivo или на нашки спортски судија кој што се занимава со сите казни, дисквалификации и слични работи на клубовите и играчите во Сериа А. Секој жолт картов се евидентира таму и овој судија на секој 4ти жолт ги казнува играчите по 1 натпревар и се разбира истото значи и за црвени картони без разлика дали е дирекнтен или два жолти.
Е сега во фудбалот исто како во правото постојат т.н правни квалификации на однесувањата на играчите. Тоа значи дека секој потег забележан од судијата и санкциониран со жолт или црвен картон или пак незабележан од судијата на наптреварот, ама потврден преку телевизиски снимка по натпреварот има своја правна квалификација врз основа на која се одлучува должината на казната. КЛУЧНО за еден играч да може да биде казнет после натпреварот е судијата да не го забележал настанот за кој може да биде обвинет. Ќе ви дадам еден пример. Минатата сезона Кавани кога го удри Киелини, тоа го забележа судијата и му даде жолт картон. Овде завршува приказната, бидејќи судијата го видел настанот и пресудил. Во случај судијата да не го забележеше настанот, тогаш Кавани најверојатно ќе добиеше 3 натпревари казна од спортскиот судија. Ако го отворите линкот ќе видите дека судијата на натпреварот Маса, во својот извештај напишал дека ниту тој ниту неговите асистенти го забележал ударот на Дестро над Астори. Еве извадок од извештајот на судијата :
La successiva manata di Destro non è stata
vista né da me né dai miei collaboratori”
Ова му дава за право на спортскиот судија сам да пресуди според телевизискиот запис за тоа што треба да се направи. Тој според таа телевизиска снимка еве што вели :
Infatti, la
volontarietà del gesto, l’energia impressa al movimento del braccio, la delicatezza della zona
colpita ed i concreti effetti del colpo inferto, evidenziati dal brusco spostamento del capo
dell’Astori in conseguenza della manata subita, suffragano l’assunto, nell’esclusione di ogni
ragionevole dubbio.
Во кратки црти тоа значи дека намерата на гестот, енергијата при движењето на раката кон противничкиот играч, ефектите од добиениот удар на Астори се клучни фактори според кои може да се заклучи дека Дестро намерно го удрил противничкиот играч со што добива правна квалификација “condotta violenta” или насилно однесување што според правилата подлежи на 3 меча суспензија.
Плус казнет е еден меч поради 4тиот жолт картон добиен во сезоната, конкретно во овој натпревар поради симулација.
Ова пред се го напишав за да се знае дека не е тоа пазар каде што може да се каже "а зошто на Киелини не му дадат 1 натпревар, зошто на Дестро 3 зарем не е премногу" и така натаму. Во правилата постојат конкретни ситуации и тие се применуваат онака како што е напишано таму, а не кому како ќе му текне.
Е така...