Пријателе ти се молам немој вакви слики од некои Рома страни (тоа го гледам и по коментарот над сликата). Јас не обрнав внимание на овој настан затоа што поверував во одлуката на асистентот кој доста одлучно го крена знамето. Сепак сега гледав на Раи Уно емисијата после натпреварот каде што добро се гледа дека топката не го напушта теренот, а за тоа се согласија новинарите таму. Исто така ја коментираа и одлуката за можно исклучување на Бенатиа за фаул како последен играч, за што јас комплетно не се согласувам. Сепак можеше овој да добие втор жолт за фаул покасно пак над Џовинко.
Но, не е тоа поентата, туку поентата е што после Јуве-Рома некои луѓе се дрзнаа овде да ги коментираат исклучувањата на тој натпревар и наводното исклучување на Киелини (овде на форумот рака на срце не беа навивачите на Рома), но на една емисија еден навивач на Рома ги критикуваше и двете исклучувања како и тоа дека Киелини требало да биде исклучен, а врз Кастан имало фаул и триста други глупости. Од друга страна никој ништо не зборува за настаните вчера.
Субјективноста во однос на Јуве пак излегува на виделина и тоа е стварно лошо да се гледа. Да беше тоа вчера во спротивна насока (да имаше некое можно дискутабилно исклучување на играч на Јуве и регуларен поништен гол на Рома), одма дежурните хејтери ќе се јавеа на должност да ја искажат според нив "реалната" состојба (како што тоа го прават со табелата на одземање и додавање бодови) и да го деградираат евентуалниот успех на Јуве на теренот.
Еве лично не паѓам до таму да го менувам она што судиите го одлучиле според нивно убедување и тоа што на теренот Рома покажа подобра игра вчера, па според мене заслужено се пласира Рома во полуфиналето.
И јас некогаш сум изреволтиран кога судиски грешки одат во полза на Јуве, но никогаш не сум рекол дека судиите му помагаат на Јувентус, сто пати сум рекол, доколку мислам дека судиите помагаат на одредени тимови, јас би престанал да гледам Сериа А, не би имало логика да пратам фудбал каде има неправди,тогаш СЕ би изгубило вредност .. по поразот од 3-0 јас веднаш честитав победа(заслужена) и никаде не пишав дека имало незаслужен црвен картон или пак црвен картон за Киелини.
јас ти ја сватив поентата, има тука многу форумаши што се дрзнуваат против Јувентус, па после следуваат контра реплики од фановите на Јуве кои можат да испаднат и помизерни итн(до немај каде), секогаш е истата песна, кога судиите помогнат на Јуве се дигне цела Италија(и тука цел форум), кога Јуве ќе го оштетат тоа поминува без некоја фама, на осанатати фанови(кои не се за Јуве) по калчополи им е врежано тоа дека Јуве мести и затоа и такви реакции .. мене ми е битно кога некој тука е реален, муабетот беше кога Маци спомна за изјавата на Де Роси, а јас му дадов исти пример каде Конте се понаша така, бидејќи вчера веднаш кажа како голот бил регуларен, а зошто на пример не признае кога на противникот на Јуве(мислам Киево или Катаније беше) им беше поништен чист гол, зошто не испадна со таква изјава(тогаш) ?
Значи колку што @Маци се нервира за изјавите на Де Роси, јас исто така се нервирам некогаш на изјавите на Конте, тоа секогаш ќе биде така, а ние треба само да останеме реални и да не гледаме само од наша страна, така би имало барем некој споразум меѓу нас тука форумашите, знам дека нема шанси сите да бидеме такви, но барем дел од нас, па да има некоја убава атмосфера на оваа тема ..
А добриот хумор секогаш е добредојден, јас поштувам добар хумор, дури и на сметка на Рома и не го сваќам толку сериозно
