Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?

  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Премногу дечиња се накотија на темава,кај и да е ке ја стаам потполно под игнор...
 
сега почнав да се осеќам "like a boss" :cool: .. :pos:
2a5aept.jpg

:rolleyes:

Одамна не ви било ладно :D
 
Тоа е тој муабет за титули местења и серија Б два пати :))

Ахххх комплекси :3
 
Вие сте очај и беда бе ... го брукате Милано. Им дадовте на Сасуоло 7 и мислите Господ за јајца сте го фатиле. Ама ете почнавте полека да тонете , па кај и да е ке се најдете кај што припаѓате , а нормално тоа е зад Милан. За една ебана Лига Европа не можете да се изборите. Па види сеа кој е шит ...

:tapp:
 
Далеку е Интер од пропаѓање. Ако пратиш добро фудбал ќе приметиш дека сезонава Интер наликува на тим, а не ко лани и преклани кога Чезена, Новара и остали тимчиња билдаа бодови против Интер и полнеа насловни страни. Интер е каде каде подобар од Милан сезонава, барем според резултатите и прикажаните игри, на Милан скоро сите победи му беа килави, неубедливи, што со лоша игра што со поклонети пенали. Не знам како тоа Интер го срами Милано, не ми е јасно стварно. Само против Рома беа надиграни сезонава, против сите други противници Интер играше подобро. Е сеа киксовите се составен дел од фудбалот, со Каљари многу несреќно ги изгубија трите бода, апсолутна доминација имаа во текот на целиот натпревар, али една одбиена топка го реши конечниот исход. Со Торино денес исто, и тоа 85 минути со играч помалце играше Интер, два пат губеше и успеваше да се врати па дури и да поведе но сепак не издржаа.
Интер можеби нема да биде шампион годинава ама во први 4 сигурен сум дека ќе биде, а од следната сезона уз асални засилувања ќе може да загризе и за Скудетото.
 
Но останува впечатокот дека останатите тимови не му се плашат на Интер и свесно напаѓаат. Предходните две години им оставија голема трага на тимот, посебно дуелите со Новара. Таков беше и Јувентус во периодот 2007-2011 кога помалите тимови правеа рекорди против нас... за разлика од сега кога прва цел им е да се одбранат и евентуално преку контра да постигнат гол. Исти пример е и Рома, која минатата година на чело со Зденко редовно губеше... можеби даваше многу гола, но многу и примаше, за разлика од сега која е целосно консолидирана и не ебе жива сила.
 
И ова држи вода. Нормално дека претходните две сезони оставија трага, лани ја имаа најлошата сезона во последните 15 години ако не се лажам, така да нормално е да се десат вакви киксови ко со Торино или Каљари. Следно со Верона сигурен сум дека ќе тепаат, иако Верона игра одлично на почетокот од првенството. Рома очекувам да падне во следниот период, значи не да падне во зона за испаѓање, него да и се десат киксови против послаби екипи, иако од тоа што до сега го видов имам високо мислење за Рома, а и за нивниот тренер.

Него со Јуве што е работата? Не можам да го препознаам оној тим од лани и преклани, сезонава преизгубено ми делуваат. Дали дека играат и ЛШ и Серија А па тоа има некаква улога, дали дека имаат притисок за подобар резултат од лани во ЛШ којзнае, само знам дека Јуве доста лошо игра сезонава, бар за негови стандарди. Со Галата ги гледав, и уште 2-3 пати во Серија А, некако ко изгубени ми делуваат. И да, Буфон доста лошо брани сезонава, мислам дека е време и да седне некој меч на клупата, да ја олади главата малце.
 
И лани играше Јуве во ЛШ и Сериа А па не беа такви. Така да таа причина отпаѓа. Според мене ова е резултат на преголем број лапсуси и грешки кои искрено за првпат ги гледам во ерата Конте. До оваа сезона кога и да не извојувавме победа секогаш може да се каже дека противникот ја играше утакмицата на сезоната. Оваа сезона поклонуваме бодови, како Дедо Мраз што дели пакетчиња. Кога ќе ги споредам поразите од лани против Интер и Рома на пример, одма заклучувам дека тие натпревари противниците на Јуве го изиграа својот максимум и толку им беше после тој натпревар. Оваа сезона само Јуве е виновен за своите лоши резултати против Копенхаген, Галата и Фиорентина. Во сите три натпревари Јуве од лани ќе победеше, затоа што не ги правеа тие основни грешки.
 
Проблемот со јуве е следниот...Многу играчи веќе не се тоа што беа...Барзаљи е веќе во години и неможе толку да покрива...Бонучи никогаш не бил нешто посебно и додека можеа го покриваа Киелини и барзаљи...Пирло е престар веќе неможе да допринесува многу а скоро цела игра на Јуве се базираше на него последните години....Лихтштајнер се мачи со повреди сезонава а огромно е неговото значење по десна страна.. А Исла не е тој квалитет...А и плус го не направија доволни трансфери за да се надоградат и да направат нешто повеќе сезонава во Лш....тие што ги направија трансфери беа одлични но сепак им фали уште 1-2 трансфери и тогаш ќе може јувентус да атакува ЛШ...а во Серија пак ќе бидат при врвот но сезонава Рома има предност...истата предност што ја имаше јувентус пред 2 сезони..не играат ни ЛШ ни Европа лига така да комонтно можат титула да земаат ...за Серија А имаат добар тим...
 
Аман бе што сте запнале со Фиорентина, ако го гледавте натпреварот ќе сватевте дека до 70-73 минута Јувентус ја контролираше играта, и скоро и да немаа виолетовите шут накај Буфон. Од пеналот се се смени, Фиорентина доби крилја, и ги фати на неспремно играчите на Јувентус, кои мислеа дека натпреварот е веќе добиен, и чуваа снага за со Реал.
И се деси тоа што се деси... ќе им вратиме во Торино :sneaky:
 
И лани играше Јуве во ЛШ и Сериа А па не беа такви. Така да таа причина отпаѓа. Според мене ова е резултат на преголем број лапсуси и грешки кои искрено за првпат ги гледам во ерата Конте. До оваа сезона кога и да не извојувавме победа секогаш може да се каже дека противникот ја играше утакмицата на сезоната. Оваа сезона поклонуваме бодови, како Дедо Мраз што дели пакетчиња. Кога ќе ги споредам поразите од лани против Интер и Рома на пример, одма заклучувам дека тие натпревари противниците на Јуве го изиграа својот максимум и толку им беше после тој натпревар. Оваа сезона само Јуве е виновен за своите лоши резултати против Копенхаген, Галата и Фиорентина. Во сите три натпревари Јуве од лани ќе победеше, затоа што не ги правеа тие основни грешки.

Мене највише ме чуди одбраната, тоа е најлабилниот дел во тимот на Јуве сезонава. Многу грешки прават Киелини, Барзаљи и Бонучи, а тука комотно може да се вброи и Буфон. Одбраната беше заштитен знак на Јуве изминативе сезони, а сега за сега тоа е најслабата алка на тимот. Им претстои тежок период, имаат двомеч со Реал и утакмици во Серија А кои треба да ги добијат и на кои не смеат да си дозволат кикс. Напорно е темпото среда-сабота, а и притисокот си го прави своето. Останува да видиме како Конте и Јуве ќе се справат со овие работи.
 
Одамна не ви било ладно :D

чек малку, нели на нас ни е топло, а вие и наполи сте на -5, јас така ја знам фората:icon_mrgr: ако не е така поправиме:D ... не сум имал многу вакви прилики па незнам како одат работите :pos: .. обично кога вие се препукувавте со миланските екипи во врска со температурата во Милано и Торино не ги читав постовите:D
 
Така е, на нас ни е ладно:)
 
Имаш право моја грешка :icon_mrgr::oops:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom