Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Интер губи против Џенова 100% и Палермо оди во Серија Б :D
 
Ќе им ја пушти Интер на Џенова :icon_lol:
 
Пред почетокот на натпреварот против екипата на Лацио (1:3), навивачите на Интер со истакнување на петнаесетина транспаренти, се одлучија да му постават неколку прашања на сопственикот на клубот, Масимо Морати.
Пред крајот на очајната сезона, една од најлошите за Нероаѕурите во последните 20 години, навивачката група Курва Норд, видно изреволтирана поради слабите резултати на својот омилен клуб, се одлучи да му постави неколку прашања на Морати, за кои што очигледно тој не сака премногу да зборува.
Поставените прашања за кои што навивачите очекуваат одговор од страна на претседателот се:
1. Зашто мислите дека целиот стадион аплаудираше на нашите предходни транспаренти?
2. Зашто го променивте медицинскиот тим со кој што Интер дојде до триплетата?
3. Зашто се продаваат младите играчи ако е најавено подмладување на екипата?
4. Која е поентата на константното продавање играчи?
5. 2010-2013 - од врвот на светот до денешната катастрофа. Дали сметате дека за лошата игра се виновни играчите или пак стручниот штаб?
6. Зашто клубот не реагира на константните напади од страна на медиумите?
7. Зашто дозволувате целата вина да се префрлува врз младите играчи и зашто некој од клубот не излезе во нивна одбрана?
8. Зашто зборувате дека Интер е едно големо семејство? Нели гледате дека секој се грижи за себе поединечно?
9. Зашто никогаш не е образложено зашто замина Ориали? (директор на клубот за време на ерата на Мурињо)
10. Во минатото сонот на вашиот татко а воедно и вам беше Лигата на Шампионите. Сега е новиот стадион ... што е со Интер?
11. Како дозволивте гостинскиот дрес да биде црвен, ако сте прав Интериста?
12. Зашто секој кој што го напуштил клубот, зборува добро за вас а лошо за Интер?

„Претседателе, ние ја дадовме нашата подршка во текот на целата сезона без ниту едно прашање. Вие го сакате Интер, ние го сакаме Интер - сега е време за одговори.“

Навивачите на Интер го кажаа своето а дали претседателот Морати, конечно ќе се одлучи да ја преземе вината за слабите резултати на Интер, да ја признае грешката поради ангажманот на некои соработници и да одговори на нивните прашања, останува да видиме ...
 
А што не го прашаат Морати каде беше Интер од 1990 до 2005 година? :D
Доста и беше и ова што го постигнаа. Според мене мислам дека им следи малку подолга пауза додека се вратат во топ 3. Во голема финансиска криза се и не верувам дека ќе си дозволат скапи трансфери и плати како порано.
Оваа и следна сезона уште многу ќе изгубат нека бидат среќни ако ги задржат неколкуте играчи што им вредат над 10 мил.
 
Следното коло сигурен сум дека ќе има многу победи на домаќините (како претходното).

Јуве титулата сигурно ќе ја прослави со победа, Удинезе против Аталанта нема зошто да не победи (воедно на Аталанта ќе и фалат 2-3 важни играчи ради суспензија), Катанија на Пескара ќе и одржи лекција, Џенова ќе го победи Интер и Фиорентина мислам дека ќе го победи Палермо. Овде е дури и Лацио со Самп, па дури и Наполи со Сиена. Натпреварот Киево-Торино изгледа запишан за нерешено, Парма-Болоња се може да биде и Милан-Рома исто така. Рома е тежок противник за Милан, бидејќи ако и тргне во нападот може Миланезите и да си загубат дома.
 
lKxA3.gif

никаде не го бранев Де Роси во моите постови, не кажав дека нема изглумено до сега, пишав доколку не бил нагазнат не му требаше таков срамен потег .. никој не може да докаже колку го болело кога го нагазнале, можеби малку повеќе и одглуми(барем така изгледа), но тоа го прават 50% од фудбалерите кога при вакви конфликти ќе бидат "допрени" од противнички играч .. затоа сакам да ти кажам дека не ти требаше ова видео, сите го имаме веќе видено, а и не постоеше пост каде некој член на форумот го бранеше Де Роси за нешто, па за да ти не потсетиш на оваа случка ;)
 
Негде со шампањско се слави титула,негде влез во ЛШ.Затоа ќе си остане Наполи мал клуб.
601705_523840204317854_968526293_n.jpg
 
Нема ништо лошо во тоа да слават што се второ место. Поставената цел на почетокот на Наполи сигурно е била минимум 3то место, т.е барем квалификации во ЛШ. Тие изборија директен пласман, односно ја исполнија зададената задача од почетокот на сезоната. Сигурно нема да го видиш Милан како слави 3то место, Интер 8мо, бидејќи овие тимови сигурно си поставиле други цели на почетокот, а не ги исполнија.
 
Секако дека ми е мило што тепаше Лацио вчера (фала богу веќе), ама не можам да опишам колку ми падна жал за Интер :( И на почеток на сезона имав гласано за Интер, си мислев ако не шампион, барем втор или трет ќе биде. И Морати кога го покажуваа, мислев дека ќе умре човекот. Стварно не знам какви релации имаат во клубот, ама прашањата горе на навивачите се скроз на место. Премногу ми е жал, без разлика што не навивам за нив, ама ептен си поштуем италијански фудбал, и жално е калчо гигант да биде на ова ниво. Стварно се надевам дека следната сезона ќе биде бааги поуспешна.

За Лацио ми е битно пред Рома да биде, пошто не знам дали сакам (освен ако не се подновиме ептен) да ни ебаваат матер низ Европа идната година :icon_lol:

И за крај, честито титула до сите навивачи на Јуве, комплетно заслужена, ама ојачајте уште малце за ЛШ следната сезона. :)
 
Не ги жалете Интер, тепани кучиња се они, со исклучок на тие 5 години кога победуваа, ова беше нивна реалност секоја сезона, шок им е сега малку дека се поднавикнаа на убавини и помислија дека мрачните години се зад нив.

Ќе си дојде лето ќе седнат на маса ко луѓе ќе се договорат што и како. За разлика од порано кога на сезоната репер за тоа до каде можат не ја памтеа, сега е полесно пошто 2010 не е далеку и тој модел можат да го искористат. Лошото е што сега нема калчополи да им даде почетен елан и ќе мора од нула да ја фаќаат, ама пак има мозок во таа управа таму што може да ги оправи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom