Фала богу дека Моџи го правел тоа, секој фан што ке ти каже не, или за инат ти кажува така или не е доволно упознаен со ситуацијата. АРНО АМА, Моџи самиот кажа ''или сите сме криви или сите сме невини'', што значи сите го правеле тоа, само што Јуве го изеде за сите заедно...
Незнам колку си ја прател цела таа ситуација, ја ептен детално ја следев откако го вметнаа Факети...
1. Најавуваа досега невиден доказ, кој ке направи преокрет во случајов а во главна улога беше Факети, доказот беше наречен мајката на сите разговори и нормално сите го чекаа со нетрпение, доказот искочи, новинар на Тутоспорт се потепа и го стави на нет одма и што се деси ? Грешка во чекори, енормна грешка која незнам како адвокат може да ја направи и да му наштети на сопствениот клиент.
Они мислеа дека во тој разговор Факети го спомнува името на Колина со оној Бергамо мислам се викаше, кој беше главен за делегирање на судии, што никогаш не се случило, туку тоа го прави Бергамо што всушност не претставува никакво кршење на законите, а разговорот беше дека за голем наптревар, Јуве - Интер, треба да суди судија со знак на ФИФА, не некој од регионална лига, толку, до 2006 ваквите разговори биле дозволени со закон. Друго ке беше доколку Факети правел притисок да суди Колина и он да инсистирал за него, што првично беше тврдено.
Откако ова се укапира, одма клипот од јутуб беше тргнал али касно беше се, го симнаа 1000 фанови на Интер и новинари и тоа беше окарактеризирано ко класичен автогол, всушност само докажаа дека Факети ништо лошо не направил, а не им беше тоа целта.
2. Интер давале поклони на судиите, пак се истрчаа, пак грешка во чекори, до 2006 тоа било дозволено, во 2005 Морати дури и дал интервју на таа теба и прецизирал кои поклони ги давале, капи, ракавици, шалови, со лого на Интер,и месни производи при што на крај се шегувал и рекол, ова последново може да се изеден, нема да останат докази. Сенси на пример, делел златни ролекси, тоа било нормална пракса која ја практикувале сите тимови кога доаѓаче верските празници, а овој доказ исто беше со префикс Клучен, ја искрено незнам како до сеа не си ги смени Моџи адвокатите после тие фејлови.
3. ГДС ги извади сите муабети на Факети и ги аплоадираше на нивниот сајт, достапни беа за сите обични смртници, ништо во тие муабети не претставуваше кршење на некоја регуларива која до тогаш важела во Калчото, тек после Калчополи законите беа сменети и веќе не можеше да се контактира со лица од федерацијата одговорни за делегирање на судии, ниту пак да се делат поклони и слично.
Икарди - уште еден млад играч со голем потенцијал осуден на неуспех.
cool story bro ...