Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?

  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене па ми смета ставот „големо чудо ако ни помагаат судиите, и така немаме конкуренција“, а Интер им е на 4 бода... (не ми се свиѓа играта на Интер, па не ги прогнозирам за шампиони, али не значи дека нема да се поправиме, или дека на Јуве ќе им престане помошта од судиите :D )
 
Не се знае тоа може пак ќе тепаа или икс, ама небитно, помина тоа, и падна во сенка на Англиското :)
 
Ако не беше денешната поклон победа разликата ќе беше 1 бод.
Ссигурен си дека ќе изгубеше Јуве.Значи 100% си сигурен дека Јуве ќе изгубеше ако не беше поништен голот.Значи не знаеме што би било.Нормално дека Катанија ќе беше во супер позиција да извади позитивен резултат но не мора да значи.Еве уште еднаш ќе признам дека судењево во оваа утакмица беше криминално и дека чист гол им беше поништен на Катанија.Но сега ние како фанови на Јуве дали треба да имаме забрана за да пишуваме или да смениме ли тим што треба да направиме.Бидете реални малце не е само да се пишее јуБе и Сериа Б.
 
Потполно сум сигурен дека ќе изгубевте , имате пад во форма , се' се потпира на Пирло .
 
Една обложувалница во Ирска, "Paddy Power" денес направи
невероватно нешто.Сите типувачи кои ја имале Катанија 1
против Јувентус (но само тие кои го играле Сингл тикетот)
им биле вратени парите.Според обложувалницата овој
резултат е тотална неправда и затоа за да излезат фер со
нивните типувачи решиле да им ги вратат парите.
223723_487679047930145_165951306_n.jpg
 
Потполно сум сигурен дека ќе изгубевте , имате пад во форма , се' се потпира на Пирло .
А со Болоња и со Интер што ќе направиме дај барем кажи да знам на спортска да ги играм да се фати некоја пара.
 
Претседателот на Катанија Пулвиренти: „Јувентус е мафија која само прави срање. Голот не го поништи судијата, туку играчите на Јуве кои седеа на клупата, поточно Пепе и Џакерини. Ова е полошо од Калчополи, никој не може да игра против ваков клуб, мора да се превземе нешто“.
 
Значи сеа Пепе и Џакерини ја наместиле утакмицава?да очекуваме дека Палаци ќе ги казни и минус бодови за Јуве.
 
Претседателот на Катанија Пулвиренти: „Јувентус е мафија која само прави срање. Голот не го поништи судијата, туку играчите на Јуве кои седеа на клупата, поточно Пепе и Џакерини. Ова е полошо од Калчополи, никој не може да игра против ваков клуб, мора да се превземе нешто“.
Препрочитај или допрочитај ја цела изјава. Претседателот на Катанија вели дека и Интер се исти, дека големите клубови ги штитат во Италија. Ама се разбира, читаш само она што ти одговара.

А ова од кај што си го копирал од некој аматерски сајт не е вистинска изјавата. Еве ја вистинската изјава.
 
Интер - Катанија,недосуден чист пенал за Катанија,0:55

кај сте сега светци?дали имаше еден збор пишано за ова во Сериа А!?? а сега интерашите глумат чесни,добро бе у кој филм сте влезени? Милан победува со гол од офсајд,судиска грешка нормално.

да не го утна линкот од видеото ? не за друго дека овде нема пенал , ако мислиш нешто да постигнеш ти ја препорачувам утакмицата киево интер и голот на переира? и не се ни обидувај да изиграваш некој вицкаст мадафака , сарказмот кој го фураш бара виуги и интелигенција а за жал тоа ти недостига и тоа во огромни количини.
 
Потполно сум сигурен дека ќе изгубевте , имате пад во форма , се' се потпира на Пирло .
А јас сега сум потполно сигурен дека ти појма немаш од фудбал а и негледаш натпревари (барем не на Јувентус)
 
Ако не беше денешната поклон победа разликата ќе беше 1 бод.

Потполно сум сигурен дека ќе изгубевте , имате пад во форма , се' се потпира на Пирло .

Ама признај,не ја гледаше утакмицата.Јувентус имаше доста добри шанси во второто полувреме,посебно преку Бентнер и Џовинко да победи и со поголема разлика,али не си ги искористија шансите,па судиската грешка испадна дека е решавачка за мечот.

Никој неможе да знае што ќе се случеше доколку и беше признат голот на Катанија.Може Јуве ќе се отвореше уште повеќе,па ќе паднеше гол од некоја од многуте шанси и ќе победеше со поголема разлика.Можеби Катанија ќе се затвореше,ќе чекаше на контри и ќе си победеа дома,можеби ќе завршеше нерешено.Не можеш да знаеш,така да глупо е вака да се збори.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom