Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?

  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
И кој успех го има рома со тоа што ги потроши тие 100 милиони ? па за да не биде во ист кош со фиорентина лацио и наполи ?

колку само плитко размилсуваш, зар 100мил евра потршени за 2 години ти се гарант за успех ? ? o_O
 
колку само плитко размилсуваш, зар 100мил евра потршени за 2 години ти се гарант за успех ? ? o_O
100 миллиони евра се у прашање...не 10... незнам зашо мислиш дека рома не е за во ист кош со Фиорентина Наполи и Лацио.... Наполи имаше поголем успех со помалку пари потрошени...
 
100 миллиони евра се у прашање...не 10... незнам зашо мислиш дека рома не е за во ист кош со Фиорентина Наполи и Лацио.... Наполи имаше поголем успех со помалку пари потрошени...

Секоја чест за тоа како Наполи го изгради тимот со текот на времето, но овој клуб е еден од ретките кои со пристојна сума за трансфери направиле добар тим .. можам да ти набројам еден куп примери каде тим троши со години многу па никако да склопи тим со кој ќе освои трофеј .. се сеќаваш Интер кога трошеше оргомни цифри за играчи од 2000 година па наваму и не освои ништо значајно, Челзи кога дојде Абрамович веднаш почнаа да се засилуваат, но почекаа некоја година додека се склопат сите коцки, еве го и Сити, лани освоија за прв пат англиско првенство со претходно уложени над 300мил евра, Јуве по враќањето од Сериа Б секое лето трошеа доста пари и никако да составеа конкурентен тим ...

Рома е втора година со нови газди, претходните газди(фамилијата Сенси) оставија огромни долгови, долгогодишни договори со не толку профитабилните Капа и Винд кои сега се раскинуваат, дури и за плаќаат казни за истите раскинувања на договори, плус еден куп играчи со огромни плати !!
Значи за да се среди таков хаос потребно е многу време и многу пари, но и малку среќа .. ние немавме среќа со Енрике, па се вративме на почеток со Земан оваа година, а можеби и Земан нема да биде вистинскиот избор на крај, барем тој ако си оди веќе ќе имаме разигран напад, па кој и да дојде во иднина нема да има проблеми со нападот и ефикасноста .. значи не се така лесно прави добар и конкурентен тим !!

Сепак како што гледаш ти го смени малце правецот на темата на која зборувавме, твојот колега од фан клуб Милан спомна дека екипи како Рома, Фиорентина итн. треба повеќе да трошат, а јас само му кажав дека Рома почна да издвојува добри суми за играчи и дека резултати сигурно ќе има во иднина, Рома пред се купува млади таленти .. исто така му наведов дека вашиот тим Милан треба да преземе нешто околу трошењето а не Рома, бидејќи Милан летото не беше моќен да потроши како една Фиорентина, а камоли Рома, а тука стои фактот дека заработија огромна сума со продажбата на Ибра и Силва, плус заштедија на плати ...

Одамна пишав јас тука текст, за тоа до каде се тимовите како Јуве, Милан, Рома и Интер, и дека Милан е тимот кој што моментално е во најлоша состојба, Берлускони доколку сака да продолжи да го води овој клуб на здрави нозе, треба да почне некоја политика како Морати во Интер, да продаде играчите кои земаат огромни плати, а не се од некоја корист за тимот, па да ги замени со талентирани играчи и играчи кои се во форма а притоа нема да земаат голема плата, не дека Интер после продажбата на некои играчи донесе соодветни замени, ама се труди колку што му дозволуваат можностите, купувањето на Алаврез, Кутињо, Хуан Хесус, Ханданович дава знак за добра иднина на тимот ... наспроти Интер, Милан тапка во место со слободни агенти и позајмување на играчи, тоа не е добар знак, тоа е знак на немоќ или знак дека клубот во иднина ќе биде продаден ... Јуве се мачеше неколку години по враќањето од Сериа Б, губеше пари и време, но ете конечно ги склопи коцките, а притоа изгради и стадион, затоа е далеку пред сите, Рома сега го поминува истиот период како Јуве, се мачи со пронаоѓањето на вистинскиот тренер со вистинските играчи, а притоа веќе е при крај планот за изградба на нов стадион .. здрави живи доколку Земан се покаже добар избор и Рома заврши на позиција која води во ЛШ работите ќе одат полесно и побрзо, доколку пропадне и ова , шансата ќе се бара наредната година, но важно процесот е тргнат, за разлика од Милан ...
 
И кој успех го има рома со тоа што ги потроши тие 100 милиони ? па за да не биде во ист кош со фиорентина лацио и наполи ?
Наредна споредба кога ќе првиш рома еден кош подоле.:)
 
Наредна споредба кога ќе првиш рома еден кош подоле.:)
ти гледај маури уште 2-3 утакмици да намести да платите за стадионот и вгодина и не се мешај во тема за серија а :P :pos:

Рома за разлика од некои други клубови во серија а направи доста промени и нормално дека сеуште нема резултати. И Манчестер Сити и Јуве, направија доста промени пред да се вратат на врвот. Рома со новите спонзори, новиот стадион, и инвестициите во младите играчи ќе дојде полека на врвот.
 
Немам ништо против додека си ја чекате Рома да стане Јуве/Барса/Реал/Сити...итн.:P
 
Кога биле оние на врв бре?:eek:
 
Немам ништо против додека си ја чекате Рома да стане Јуве/Барса/Реал/Сити...итн.:P

Доста е да стане онаа моќна Рома од 2000 година кога го тепаше лацио 5-1, а и Јуве 4-0 :icon_lol:
 
И твоjaта "суперинтелегентна" поента е ? :confused: ..... ...Во сите овие случаеви треба да има остри казни без оглед на се , веднаш да реагираат специјалци, полицајци и да се одстрануваат вакви ретардирани транспаренти штом бидат извадени. Читаат и млади и стари и секакви. Брука ... ебате мороните, па и некој ке ми рече па што очекуваш, они биле ултраси, ме боли стапот што се, вакви нечовечки пароли по секоја цена треба да бидат одстранети и осудени од секој кој е инволвиран во спортот.

Истиот пост препиши си го и избрукај ги вашите фанови кои на дербито против Торино извадија транспарент у стил "ние сме поносот на Торино, вие само се слупавте" алудирајќи на авионската несреќа на трофејниот тим на Торино од 1949 година.

Значи сите бевте бучни за транспарентот на ултрасите на Милан, ајде сега да ве видам ? :icon_lol:
--- надополнето: 12 декември 2012 во 15:19 ---
Е тогаш сите Италијански тимови беа моќни, видете состави
Јуве
Милан
Интер
Рома
Лацио
Фиорентина
Парма

Какви Реаловци, Манчестеровци, Барселоновци, оваа беше најака лига тогаш :drk:

па гледаш Рома освои титула кога многу тимови биле супер моќни :cool:
 
Истиот пост препиши си го и избрукај ги вашите фанови кои на дербито против Торино извадија транспарент у стил "ние сме поносот на Торино, вие само се слупавте" алудирајќи на авионската несреќа на трофејниот тим на Торино од 1949 година.

Знали сите бевте бучни за транспарентот на ултрасите на Милан, ајде сега да ве видам ? :icon_lol:
--- надополнето: 12 декември 2012 во 15:19 ---
Немам време, иначе би . Срамота за тие кој го извадиле транспарентот. Да се на мене веднаш доживотна забрана за влез на стадион плус парична....
 
Немам време, иначе би . Срамота за тие кој го извадиле транспарентот. Да се на мене веднаш доживотна забрана за влез на стадион плус парична....

читав јас во еден фан клуб на Рома на еден форум како на Рома ултрасите никогаш не би направиле вакво нешто, но искрено не ми се верува, ултрасите се такви, доколку не извадиле транспарент сигурно направиле некоја друга глупост ..

а инаку ова се работи за авионска несреќа на италијанската репрезентација кога требало да игра против Унгарија пријателска, каде имало 10 играчи на Торино во селекцијата, а еден на Јуве(резервниот голман) .. се зборува дека тој тим на Торино бил еден од најдобрите тимови во историјата на Сериа А.
 
како да не бил најдобар..тогаш во 50-тите години што фудбал се играло сите знаеме..можеби за тоа време да но ниту еден тим и играч неможи да се спореди со денешните професионалци кои играат во многу потешки услови за разлика од тогаш кои не ни се допираа играчите..и се чудиме како пеле давал толку голови или јохан кројф сите ги дриблал??..тоа е невозможно денес
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom