Срам да им е, како смееле да напишат шампиони на Италија...
Најдобрите години ги скапале во Наполи? Ок, јасно ми е дека имаш нешто против „малите“ тимови, затоа што нон стоп ти смета Палермо, Наполи, Удинезе и слични на нив.
Ајде кажи ми ти, да играш за Наполи, нема да „скапуваш“ таму или ќе бараш преку леб погача?
А кога зборуваш нема ништо битно да освојат со Наполи, па ако е така, ај нека се набутаат сите фудбалери само во тие тимови, што можат нешто да освојат и нека си играат меѓусебе 10 пати во сезона. Плус види кој освои во Франција, во конкуренција на ПСЖ, Лион и Лил. Некој се надеваше пред сезона, дека ќе освои Монпеље со тие просечни играчи?
Мене јасно ми е, дека они се најквалитетни играчи на тимот, ама тоа не значи дека треба одма да се продадат. Наполи не е во никаква финансиска криза, плус земаат доволно пари во Наполи, градот е таков, што фудбалерите се „светци“(тука не ги рачунам мафијашите).
А тоа, колку сакаат да си идат, докажа Хамшик пред две недели, кога потпиша нов договор до 2016. Кавани исто нон стоп изјавува дека е среќен и дека не планира да си иде. Од овие, само Лавеци може да си иде, никој друг.