Serie A 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?

  • Вкупно гласачи
    417
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Затоа ќе тоне Италија во однос на Европа пошто Удинезе како и минатата година што беше случајот со Сампдорија нема да влезат во групи со тоа што ќе ги продадат дел од играчите но сигурно нема да бидат ккао нив да испаднат од лигата :).
Да беше Јувентус четврто да се зајача како што се најавува ќе има конкуренти во Европа од Италија па макар и Лацио да беше мислам дека ќе поминеше а вака Удинезе ќе ги продаде Санчез и Инлер ќе има пари ако не купат играчи ќе бидат вреќа.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Во секој случај Удинезе лани заслужи да оди во ЛШ и треба да оди.
Според мене криви за распродажбата се ФИГЦ. Како што има правила за 1 странец по сезона и слично така треба да има правила пласираните екипи да задржуваат одреден процент од тимот или да се ограничи распродажбата на звездите ако сакаат да го чуваат пласманот така ќе биди и првенството заштитени.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.924
Поени од реакции
13.900

Убаво си почна дека се криви од федерацијата со лошите правила, а потоа ти продолжи во тој смер.

Кој е тој што ќе утврди кои се ѕвезди, а кои не се? Ќе се соберат некои ’експерти за ѕвезди’ и ќе кажат, слушај Галијани, ние решивме дека тие и тие се ѕвезди кај тебе, ако сакаш да не те казниме ќе можеш само еден да продадеш!? А, зошто да не можеш да ги продадеш сите ѕвезди во тимот, а да купиш други ѕвезди поголеми?

Сите тие правила кои се донесуваат се глупави и непотребни. Како што е најновото ’фер-плеј’, па колку смеат да бидат купени, колку да произлегуваат од младински сектор и сл. Фудбалот си достигна врв и по квалитет и по популарност без такви правила, зошто сега некој би го ’хуманизирал’? Ако продолжи Платини да се прави најпаметен и да се обидува да го прави фудбалот подобар ќе добиеме само губење на популарноста на овој спорт, а подобрување на квалитет сигурно нема.

Која е логиката на тоа правило за ограничени не-европски играчи? Ти можеш да донесеш пет сранци од Холандија, Португалија, а не можеш троица од Африка и Јужна Америка?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Да има многу глупави правила од типот со ЕУ. Најпрво проблемот со ЕУ е дека истиот закон за вработување важи во сите земји од ЕУ што значи нема разлика дали еден е италијанец или е француз, ограничвањето е сепак некаков механизам да се заштитат младите играчи.

Е сега околу мојот муабет со расипување на тим.
Лани Сампдорија го смена например тренерот, голманот, техничкиот директор и слично.
Годинава ако удинезе ги продај Санчез и Инлер за некоја комбинирана сума од 50М мислам дека е повеќе од јасно колку опаѓа квалитетот во тимот. Со таква постапка е очигледно дека Удинезе нема амбиции да направи некаков скор во ЛШ туку само да профитира, а од друга страна Италија губи место во европските натпревари. Е сега баналниот дел со правилата. Знам дека е несреќно прашање но сепак бара некаква интервенција.
Ако има некои правила од типот да се реинвестираат парите или добар процент од нив во нови играчи, или пак да се задржи некоја структура од 80-90% од првотимците кои го избориле тој пласман тогаш нема да имаме вакви распродажби на тимовите кои еднаш успеале да се изборат за пласман, или барем малку ќе се амортизира ослабувањето на тимот.
Е сега правила си се правила сигурно дека неможат да бидат најсјајни ама то е и целта кај правилата да се заштити онај кој управува (во случајов ФИГЦ)

Да не се разбериме погрешно не го обвинувам Удинезе, напротив мило ми е што баш тие завршија во ЛШ.
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Пасторе на големо се поврзува со Челзи,па ме интересира што мислење имаат тие што следат Серија А за него? Дали вреди за него да се дадат 40 + М евра...?
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Пасторе на големо се поврзува со Челзи,па ме интересира што мислење имаат тие што следат Серија А за него? Дали вреди за него да се дадат 40 + М евра...?
Одличен играч али 40+ мил евра се премногу за него, како што се многу за Санчез, Роси, Агуеро . . .
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Пасторе на големо се поврзува со Челзи,па ме интересира што мислење имаат тие што следат Серија А за него? Дали вреди за него да се дадат 40 + М евра...?
Одличен играч е Пасторе тука нема што да се дискутира само што ќе бараат големи пари за него.
По мене никој играч не вреди 40+м ама некој тимови како Сити ќе понудат таква сума за некој просек па сега кога некој просек вреди да речеме 30+м зошто Пасторе да го дадеме за помалку од 40 ? :)
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Пасторе е многу талентиран фудбалер и колку да е добар не вреди 40+ милиона. За него би платил највеќе 25-30 максимум
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.023
Поени од реакции
6.050
Заебете го Пасторе, видете каква Buy-out Clause има Тиаго од Барса.
Со новиот договор што го потпишал до 2015, треба да се платат 90м за да се откупи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Пасторе на големо се поврзува со Челзи,па ме интересира што мислење имаат тие што следат Серија А за него? Дали вреди за него да се дадат 40 + М евра...?
Не вредат.
Преценет фудбалер, пред гол лошо се снаоѓа, за асистенции не е нешто посебно. Се на се, 40 милиони се многу, па и 30 милиони.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.863
Поени од реакции
8.703
Колегите од Калчото ја разработија темата :D
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Абе каков Пасторе не зафркавајте...според мене не е ништо повеќе од надпросечен фудбалер...ама само надпросечен сепак не доволно квалитетен за да игра во тимови како Челзи,Манчестер,Милан итн....иначе Лавеци според мене е измислен за Пасторе во секоја можна фудбалска карактеристика...едноставно човекот е ненормален како фудбалски играч..не знам зошто некој од големите клубови не се реши да испрати понуда до него бидејќи е вонсериски играч и плус повеќе од 30 милиони сигурно не вреди...тој според мене ако замини од Наполи ќе премини во Англиската Премиер лига бидејќи е измислен за таму..:D
 
Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Абе каков Пасторе не зафркавајте...според мене не е ништо повеќе од надпросечен фудбалер...ама само надпросечен сепак не доволно квалитетен за да игра во тимови како Челзи,Манчестер,Милан итн....иначе Лавеци според мене е измислен за Пасторе во секоја можна фудбалска карактеристика...едноставно човекот е ненормален како фудбалски играч..не знам зошто некој од големите клубови не се реши да испрати понуда до него бидејќи е вонсериски играч и плус повеќе од 30 милиони сигурно не вреди...тој според мене ако замини од Наполи ќе премини во Англиската Премиер лига бидејќи е измислен за таму..:D
Се согласувам со ова за Лавеци, но не и за Пасторе...

Лавеци е супер играч, underrated, како што кажа ти неверувам дека ќе кошта повеќе од 30 милиони но Де Лорентис и се е можно. Јас него го замислувам како 10-ка од нападот со техника, голови, асистенции (Меси, Агуеро)...

А Пасторе е супер играч, би бил во стартни 11 на секој тим, таква техника, прегледност, брзина..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom