Ако не е пенал значи скратени сте за 2 бода не за три. Ова го сметаме пошто пеналот беше на крај на натпреварот, така?
Кога сте оштетени не е никому ништо, напротив, тогаш сите ние покрај малите екрани викаме: така им требаше, ај уште еден пенал, дај му црвен на говедото... :pos2:
Мислам ништо лично, ама јас немам гледано 2-3 пати да ви поклонат нешто, со години го гледав филмот. Така да секогаш кога вас ќе ви свирнат непостоечки пенал, вие го гледате како неправда. Ние го гледаме како нешто што природно ве следува. И тоа што Интер победува во серија не е никакво посебно задоволство за мене зошто сме појаки. Јас се надевам дека еднаш кога ќе бидеме на исто ниво, или полоши, ќе изгубите титула поради сомнителен пенал, картон или скандали по други натрпевари. Зошто дури не го осетите тоа, нема никогаш да знаете зошто се радуваме кога ќе ве оштетат.
Уште еднаш, ништо лично кон вас од форумов, ова е само мое размислување на релација Интер - Јуве.