Serie A 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Serie A во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    534
Статус
Затворена за нови мислења.
abe ovie juventashive se cuden narod.....non stop go drvat na 27 tituli deka imale
 
Не можеше да најдеш од некојси Морети куп или што знам . . .

Да ја барам контрата од лани Балотели-Ибра или знаеш како беше ? :smir: (нема потреба за расправање ипак шала) :)
 
Да ја барам контрата од лани Балотели-Ибра или знаеш како беше ? :smir: (нема потреба за расправање ипак шала) :)
шо шала у 91 кога дадоа гол мислеа господ за јајца го фатија!
Мурињо кога изјави дека радоста на публиката за нерешено му дало до знак дека веке ги победил!
 
milan-inter008.jpg


:tv:
 
Сезонава 2009/10 очекувам борбата за скудетото да биде помеѓу Интер и Јуве кои реално имаат најголеми шанси.Кај Јувентус проблем се повредите бидејки немаме силна клупа,за разлика од Интер кои имаат 5-6 квалитетни играчи плус (Манчини,Кварезма,Виера,Матераци) Милан според играта која ја покажа би требало да биде задоволен со 3та позиција.За 4то место ке се борат Фиорентина,Рома и Џенова,а најголема предност им давам на Фиорентина.
 
Зашто викаш дека Јувентус нема силна клупа?За разлика од минатата година сега Јуве има супер вкомпониран тим со добри играчи од клупата.На клупа го имаме Манингер кој слободно можам да кажам дека е подобар од сите голмани на Милан.Позади на клупа го имаме Легро кој воедно е репрезентативец на Италија.По бочните позиции ги имаме на клупа Молинаро,Де Џеље,Григера и Касерес.Од средината се Тиаго,Поулсен и Маркизио.Замена за Диего е Џовинко(супер играч),а од нападот на клупа се Јакинта и Трезеге.Што повеќе сакаме од ова?Имам исто така и универзалец-Салихамиџич.

Оваа година Јувентус направи многу силен состав со супер играчи на скоро секоја позиција.Бековите преставуаа проблем минатата година меѓутоа сега со Гросо и Касерес се на доста солидно ниво.
Битката за скудетото ќе биде меѓу Јуве и Интер,и нема да имаат никаква закана од Милан.Ако Јуве лани можеше да го победи Милан со играчи како Занети,Григера,Маркиони и Недвед,па оваа година што би можело да им се случи кога ние го имаме Диего а тие го немаат Кака:smir:

Буфон-Касерес(Зебина)-Канаваро-Киелини-Гросо-Каморанези-Мело-Сисоко-Диего-Дел Пиеро-Амаури.Со оваа 11ка и со добри резерви Јувентус е најголемиот фаворит за Скудетото оваа година.

Рано е да се збори уште сега ќе видиме во текот на сезоната.Почетокот на сезоната кажува кој ќе се бори за Скудетото!
 
Веќе кажав и пак ќе кажам, не се залажувајте да го отпишете Милан од трката за Скудето и покрај дебаклот во дербито. Лавот е најопасен кога е ранет, да се изразам сликовито:wink:. Мислам дека борбата за титулата ќе биде помеѓу три а не две екипи како што повеќето од вас очекуваат. Сепак времето ќе покаже кој бил во право. Се уште е почеток на сезоната и имам впечаток дека јас сум поголем оптимист за конечниот пласман на Милан, од самите миланисти.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom