Пандев е исклучен и од првиот тим и тренира сам.Вчера испратил телеграма да биде вклучен во рок од три дена во прв тим ако не ќе започнел правна процедура.
Лани Мутарели кој не потиша со Лацио цела година тренираше сам потоа си замина без пари.Колку играчи изјавувале дека сакат да сменат средина но не биле така третирани.Еве на пример Ибрахимович,Роналдо лани,Дзеко,Фабијано има многу но за вакво третирање не сум чул и тоа му го прават на играч кој е еден од најзаслужните за успесите на тимот и кој дал 50 гола за нив и уште толку асистенции.
И сепак Пандев инсистира дека нема намера сам да си го откупи договорот со што би заминал за само 2-3 милиони евра.
Ако остане цела сезона и да тренира сам без да одигра ниту еден натпревар за Лацио тоа може да биде многу лошо за неговата карира. Монемтално е во најдобрите фудбалски години и е време кога треба да го достигне највисокиот левел на својата игра.
Лотито бара 20 милиони што е премногу сред светска економска криза.
Можеби наредната сезона ќе го гледаме во Интер. Се шпекулира дека постигнал договор со Интер за наредната сезона да се пресели на Џузепе Меаца како слободен агент доколку сега не потпише за некој клуб.
Но не верувам дека Лотито ќе го дозволи тоа. Ќе го остави на клупа или на трибини цела полусезона и во зимскиот трансфер период ќе го продаде за околу 10 милиони евра.