Споени се повеќе теми за SEO(Search Engine Optimization) во една главна тема. Дискусијата, споделување на совети и трикови може да продолжи овде. За оживување на темата неколку совети од мене за како да го зголемете PR(Page Rank) на вашиот сајт или блог.
Пресметките за PR се сметаат спроед бројот на дојдовни/повратни линкови кои ги добивате. За да го направите тоа може да се користат различни техники кои ќе генерираат повратни линкови како што е на пример промовирање на вашиот сајт на некој форум или во вашиот потпис (
ЧИТАЈ: Не спам теми/мислења и сл.), коментирање на други блогови и сајтови, пишување на други сајтови или т.н. гостинско пишување што кај нас не е практика, социјалните мрежи, рекламирање, разменување на линкови. Кога сум веќе кај линкувањето ќе напоменам и дека повеќе се уважуваат линковите од сајтови кои немаат линк кај вас, односно не се работи за размена на линкови помеѓу двата сајта... или попросто кажано: 2 поени - доколку некој ве има линкувано во некој напис или на др. место кај него на блог, а вие немате линк до него; односно 1 поен - доколку се работи за размена на линкови.
Втора работа е пишување на квалитетна и оригинална содржина. Содржината не влијае директно на ранкот, но сепак има голема улога за развојот на сајтот и добивање на повратни врски. Доколку копирате нечии постови и ги потпишувате како ваши тоа многу влијае на ранкот на вашиот сајт, пребарувачите одма знаат дека таа содржина е копирана бидејќи претходно е индексирана од оригиналниот сајт. Затоа обидувајте се да бидете што е можно пооригинални и уникатни.
Оптимизирање на линковите - Тоа е нешто што мора да го имате направено. Пример за добра линк SEO структура е:
http://kajgana.com/Seo-Optimizacija, наместо
http://kajgana.com/?p=123. Тоа значи дека доколку некој пребарува на Google „Seo Optimizacija“ во топ резултатите ќе го добие
http://kajgana.com/Seo-Optimizacija бидејќи во самата адреса го содржи тој поим.
Наслов на страницата - Google најмногу внимание обраќа токму на насловот на страницата и треба да се обидете да биде специфичен за вашата област. Доколку се занимавате со продажба на хардвер, би требало насловот на страницата да биде „
Продавница за хардвер - КГН Технологија“, наместо само „
Хардвер- КГН Технологија“.
Site Map - Креирајте site map и испратете го на
Google Webmaster Tools, така Google ќе знае кога е ажуриран вашиот сајт и ќе се врати да ја индексира новата содржина.
PR на вашиот сајт можете да го проверите од
овде. Кајгана моментално има 5/10.
Споделете ваши мислења и се надевам на квалитетна дискусија.