Не сум некој обожавател на Седмица. Сигурно во Скопје има бар едно 5 места со подобра плескавица од таму, али ова со сојава што го бајат неколкумина може да им порачам само да појдат до Белград да вкусат плескавица од соја.
Пред некоја година земам пљеска од тие бутките што се кај Зелени венац, демек најбољи роштиљ имале Србите, јадам и ми има некој лош вкус, се чудев некое време на што ме потсеќа вкусот дур не ми текна дека на времето моите купуваа некакви ‘плескавици’ од соја што ги пржеа и вкусот беше буквално ист.
Седмица е далеку од тој сојин вкус што сум го пробал во Србија. Сигурно ставаат, ама дека толку се осеќа за да се баи цело време не би рекол.