Искрено дека некој излегувал пред Седмица, освен да се пие ко загревање пред да се влезе некаде и да се јаде таму, прв пат слушам.
Ја кога прв пат пробав хамбургер во седмица во тие 90 ти ми беше нешто невидено и непробано до тогаш. Последен пат кога пробав пред неколку години - гумена плескавица што нема вкус на плескавица, бајато лепче што се распаѓа, кари сос и кечап и ладен помфрит. Плескавицата никогаш не им ни била нешто посебно, ама ова последното беше буквално помија и гаден сендвич. Па у факинг Еммер Лисиче, кај што хамбургер е 150 - 160 денари и кај што богзнае какво месо ставаат, сендвичон им личи повеќе на хамбургер него последното тоа во Седмица.