Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Цените дефинитивно се претерани високи, ама ако по некоја коинциденција по излегување ми се најдат 120 денари во џеб, и ако нормално не поминал 1 АМ, одам во 7ца. Знам некогаш и од часови да избегам па „случајно“ токму таму да ме однесе патот.:nesvest: А еве баш вечерва ми се најдоа „вишок“ пари, па убаво се најдадов. А за тој што прашуваше каде е Вили, има до Жан Мари 2, кај „Мајчин дом“ (кај мене пред зграда) и на раскрсницата кај Тобако 2. Викаат било на Мелита Ракичевик. Инаку стварно е супер, и поевтино, и повкусно! А дефинитивно ги имаат најдобрите салати во Скопје, 12 видови, ти ставаат од кои сакаш, бесплатно. Кога си гладен, а не планираш многу да потрошиш, земи си еден вегетаријански, 30 денари, иако нема плескавица, пак ќе те најаде како човек!
 
Само еднаш имам јадено у седмица, и ми се допаѓа. Јесда е скапо, ама квалитетно е :vozbud:
 
Вечерва јадев пиле (ок де, што и да е тоа што лажат дека е пиле :)), уште ги жалам парите. Не дека не беше добро, баш напротив, ама 140 денари!? :( И претеруваат со солта некогаш, уште локам вода.
 
И 150 денари да е хамбургерот , пак ќе има редица ...
Најдобрите хамбургери во Скопје дефинитивно :toe:
Еден другар мој кој е во Нов Зеланд , стално ми се жали дека го фаќа носталгија за СЕДМИЦА ... Гревче:pos2:
 
Таа седмица ми стави +10кг на сметка:)За година дена,кога канцеларијата ни беше во близина се направив тркачко свинче,повкусен сендвич нема на светов.Не сум по хамбургери,ама комбинираниот се топи во уста.Сега да има еден вака утрински мх мх.
 
Имам јадено еднаш во седмица и никогаш повеќе. Не ми е ништо посебно, како картон ми беше сендвичот. Секогаш и се чудам на една другарка што не пропушта да помине од таму барем три пати неделно.
 
Денес бев и некако многу чудна ми беше плескавицата. Чуден вкус имаше, повеќе накај грозен. Може друга пратка на кучиња им стигнала.
 
Од Седмица не сум јадел речиси цели 3 години, а не ми е далеку. :tv:
 
Јадев мнг често во седмица. Но сега открив еден паб кој е у порта буњаковец- на две мин од седмица, кај за исти пари ќе седнеш ко човек и ќе се изнајадеш. ако ништо друго поздраво е од седмица у секој случај
 
Во седмица некако помалце јадам...Компирите се суви...Исто така штедат на кечап, мајонез и тн и тн...А цените гледам само се покачуваат..
 
кечап и мјонез во 7-ца:pov:,башка тоа и никогаш не ги чистат,фритезите и скарата! и шое ова бе бесплатен , рекламен простор ај опнетеи:locked: на темава
 
кечап и мјонез во 7-ца:pov:,башка тоа и никогаш не ги чистат,фритезите и скарата! и шое ова бе бесплатен , рекламен простор ај опнетеи:locked: на темава
Е ако имаш замерка за мајонезот во 7-ца,не знам шо да кажам.Или бар дај ти совет кај има боља храна у градов?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom