.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Да може да се јави на СОС телефонот и без да пријави во полиција, не гледам зошто не би можело. Таму работат лица кои се запознаени со оваа проблематика, секојдневно се соочуваат со такви проблеми, па се надевам дека би можеле да и да дадат некој корисен совет.
Инаку ако ти си во можност да ја примиш кај тебе, тоа е океј, иако како што и сам кажа тоа не е трајно, туку само привремено решение.
Клучот овде е да се убеди мајката дека тоа што се случува во нивниот дом не е во ред, дека тоа не е нормална семејна атмосфера, дека никој не е должен да трпи малтретирање и дека тоа психофизичко насилство ќе остави последици врз нејзините ќерки и дека што побрзо треба да се најде излез од таа ситуација.
Тоа е лесно да се каже, ама во пракса, да убедиш една конзервативна и патријархална жена да го остави насилниот сопруг и да се разведе, не само што е тешко, туку многу често и невозможно. Не знам, можеби тука би можел да помогне некој роднина или пријател кој мајката го цени и почитува, го смета за авторитет...можеби некоја таква личност би можела да помогне мајката да сфати дека некогаш разводот е најдоброто решение.
Трагедијата е што вакви работи се случуваат во многу семејства, ама ретко кој се замара со тоа, сите или ја вртат главата, или пробуваат да ја префрлат вината на жртвата, во стилот сигурно си заслужила, го испровоцирала, сама си го барала и слични клише муабети со кои се оправдуваат насилниците. Али затоа кога некој девојка ќе изрази желба да си го задржи презимето, е тогаш сите почнуваат да хистеризираат, пошо нели сите знаеме дека тоа е побитно од семејното насилство.
Јас нејзе ја прашав дали има некој близок роднина кој може да и помогне кој ќе застане на нејзина страна одговорот беше нешто во стилот дека се што било останувало на еден моабет и тоа е тоа. Јас веќе и предложив да седи кај мене и ќе се обидам да ја убедам да седи а дали тоа ќе го дозволат нејзините или не, тоа воопшто мене не ме интересира бидејќи не сакам таа да трпи потреси и да биде нервозна секој ден и при тоа да не може на раат да учи и да ги прави секојдневните работи. Мислам дека најдобро би било таа или пак јас да се јавам во сос центарот и да ми кажат на некој начин некое решение. Незнам дали има некој тука на форумов член што се занимава со оваа проблематика па така да доколку има некој или пак веќе поминал низ тие работи би му бил благодарен да даде некој совет а верувам има и некои други личности кои го имаат исто овој проблем можеби и на нив ќе им помогне.