Секогаш доцните или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро никогаш не доцнам...Секогаш си го организирам времето за да стигнам на време.. Некогаш дури и порано доаѓам :pipi:
 
СЕКОГАШ доцнам и тоа константно, едноставно кога знам дека имам уште некое време си го користам максимално и обврските во тие моменти ми се максимално распоредени, така што ако нешто ми одземе повеќе време од предвиденото си доцнам и повеќе. :vozbud::pos2: Само за автобус не смеам да доцнам, иако понекогаш и тоа може да ми се случи ама затоа пак доволно кажува фактот што секогаш брзам за на автобуска:vozbud:
 
Mразам каснење:nerv:
Секогаш сум точна, само ако ми излезе нешто да почнам да се спремам со закаснение.
 
Секогаш дури пред време стигам зашто мрзам да чекам јас па можам да замислам колку ке ме пцујат мене ако доцнам....
 
Скоро секогаш доцнам...Без разлика дали на предавања,на колоквиуми,на испити,на работа,со другарки,абе морам да закаснам..И дури почнувам и да се нервирам,и знам зошто секогаш доцнам но никако да се поправам......
 
Па скоро секогаш сум точна а ако некогаш закаснам само 5мин :toe:
 
Многу ретко да доцнам ама на секој човек можи да му се случи тоа..
 
Колку и да се трудам да бидам точна секогаш каснам, ама секогаш имам добра причина за тоа..
Ми се скинале хулахопките, ми каснело таксито, имало сообраќајка и сл :pos2:
 
Точно на време според мојот саат во 99 посто од случаевите,е сега ако се вмеша само некоја виша сила тогаш можи и да се случи да закаснам и не сум јас крив за тоа.
 
Скоро секогаш каснам иако се трудам да бидам точна се нешто ми текнува во последен момент и морам да закаснам по 5,10 мин.
 
Нонстоп каснам и сите ми викаат за тоа :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom