Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Едвај чекав да ја пуштат повторно Кајги за да споделам еден брз, лесен и вкусен рецепт со вас
Банички
Потребни состојки:
- 500 гр. готови кори
- 3 јајца
- 6 големи лажици брашно
- 300 мл. млеко
- 150 мл. зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 коцка квасец
- 100 мл. топла вода
Подготовка:
Во топлата вода ставете лажичка шеќер, квасец и промешајте да се растопи квасецот.
Додајте 2 лажици брашно и оставете да надојде. Јајцата изматете ги со миксер како за торта, додајте 4 големи лажици брашно во кои сте го измешале пецивото и солта. Мешајте со миксер убаво да нема грутчиња, па сипете го зејтинот, млекото и престанете со матење. Со лажица во смесата измешајте го надојдениот квасец.
Ова е премаз со кој ги мачкате корите. Филот е по ваша желба: сирење, пица фил, спанаќ,
праз, кисела зелка...
Земате по една кора и ја премачкувате убаво со четка од премазот. На долниот дел ставате од филот и кората ја виткате како ролат. Секој ролат го виткате како полжав и ги редите во намачкана тава со маргарин. Така правите се додека не ги потрошите корите. Секоја баничка и одозгора ја премачкуваме со четката од премазот. Печете на 200 степени додека не добиете златно румена боја.
Oсвен овие мали банички, можете секој ролат да го ставите во правоаголна тава и да ги редите ролатите еден до друг, па ќе добиете стапчиња наместо банички или пак во округла тава да ги редите ролатите во круг откако на средината на тавата ќе направите едно полжавче од ролатот и на крај ќе добиете вртена пита
Убаво е врз баничките да ставите малку сусам ако сте љубители.
![]()
![]()
Баничките се прават од една кора или две![]()
Олимпија, алал да ти е за рецептот.
Да кажам и тоа дека смесата со брашното и квасецот ми дојде повеќе, па на крајот едноставно го истурив она што остана врз корите.
http://moirecepti.mk/post/велешка-пита-пастрмајлија
Да не се вадиш после питиве дека не те бива за месењеhttp://moirecepti.mk/post/велешка-пита-пастрмајлија
За Велешка да биде добра мора да е тестото погодено. Е сега има марифет, кога замесуваш температурата на водата треба да биде ниту ладна ниту жешка. Убаво треба да одстои, меко тесто треба да размесиш.
Никад нема да ја направам како мајка ми, а сто пати имам гледано како ги прави. Али ваљда е до искуството, ќе ме биде, во следните 20 години ќе ја направам како што треба![]()
Варен ослич како да го направам, само да се исчисти рибата и да се свари во вода? Некој правел ? Има пробано, како е вкусно или многу грдо ?
Ај некој да дае рецепт за палачинки
Sent from my ST21i using Tapatalk