Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
1379870963_1704578747.gif


секси десерт - бикини пудинг.
 
Едвај чекав да ја пуштат повторно Кајги за да споделам еден брз, лесен и вкусен рецепт со вас :noze:

Банички

Потребни состојки:

- 500 гр. готови кори
- 3 јајца
- 6 големи лажици брашно
- 300 мл. млеко
- 150 мл. зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 коцка квасец
- 100 мл. топла вода

Подготовка:
Во топлата вода ставете лажичка шеќер, квасец и промешајте да се растопи квасецот.
Додајте 2 лажици брашно и оставете да надојде. Јајцата изматете ги со миксер како за торта, додајте 4 големи лажици брашно во кои сте го измешале пецивото и солта. Мешајте со миксер убаво да нема грутчиња, па сипете го зејтинот, млекото и престанете со матење. Со лажица во смесата измешајте го надојдениот квасец.
Ова е премаз со кој ги мачкате корите. Филот е по ваша желба: сирење, пица фил, спанаќ,
праз, кисела зелка...
Земате по една кора и ја премачкувате убаво со четка од премазот. На долниот дел ставате од филот и кората ја виткате како ролат. Секој ролат го виткате како полжав и ги редите во намачкана тава со маргарин. Така правите се додека не ги потрошите корите. Секоја баничка и одозгора ја премачкуваме со четката од премазот. Печете на 200 степени додека не добиете златно румена боја.

Oсвен овие мали банички, можете секој ролат да го ставите во правоаголна тава и да ги редите ролатите еден до друг, па ќе добиете стапчиња наместо банички или пак во округла тава да ги редите ролатите во круг откако на средината на тавата ќе направите едно полжавче од ролатот и на крај ќе добиете вртена пита :)
Убаво е врз баничките да ставите малку сусам ако сте љубители.
2711111358.jpg


2711111423.jpg

Олимпија, алал да ти е за рецептот. (y)

Да кажам и тоа дека смесата со брашното и квасецот ми дојде повеќе, па на крајот едноставно го истурив она што остана врз корите.

IMGP1141.JPG

Еве испечена :)

IMGP1148.JPG
 
Олимпија, алал да ти е за рецептот. (y)

Да кажам и тоа дека смесата со брашното и квасецот ми дојде повеќе, па на крајот едноставно го истурив она што остана врз корите.

Машала многу убаво излегла :)


Јас да прикажам како сум се остручила за пити:

DSCN1582.JPG

DSCN1584.JPG

Уште ми се дебели, здравје следна година ќе ги подобриме. Со ова свечено ја затворам сезоната за пастрмајлии :D
 
@ leandra

Многу убаво изгледаат. Ќе те молам за линк од рецептот, мене ме фаќа готвачка грозница. :)
 
@ leandra

Многу убаво изгледаат. Ќе те молам за линк од рецептот, мене ме фаќа готвачка грозница. :)
http://moirecepti.mk/post/велешка-пита-пастрмајлија

За Велешка да биде добра мора да е тестото погодено. Е сега има марифет, кога замесуваш температурата на водата треба да биде ниту ладна ниту жешка. Убаво треба да одстои, меко тесто треба да размесиш.
Никад нема да ја направам како мајка ми, а сто пати имам гледано како ги прави. Али ваљда е до искуството, ќе ме биде, во следните 20 години ќе ја направам како што треба :)
 
http://moirecepti.mk/post/велешка-пита-пастрмајлија

За Велешка да биде добра мора да е тестото погодено. Е сега има марифет, кога замесуваш температурата на водата треба да биде ниту ладна ниту жешка. Убаво треба да одстои, меко тесто треба да размесиш.
Никад нема да ја направам како мајка ми, а сто пати имам гледано како ги прави. Али ваљда е до искуството, ќе ме биде, во следните 20 години ќе ја направам како што треба :)
Да не се вадиш после питиве дека не те бива за месење :D Ко ќе се враќаш да донесеш една за мене :pipi:
 
Сега за Велигденскиве празници, ова ќе се јаде кај мене :coffee:


ДОМАШНА РЕСАНА
Мерата се прави со обичен филџан/шоља за кафе. Потребни состојки:
- 4 Јајца
- 4 шољи масло
- 4 шољи шеќер
- 9 шољи брашно
- Ванила
- Пециво
- Мармалад

Начин на приготвување:
Во поголем сад за матење ги тураме 4 јајца, 4 шољи шеќер, Ванилата и промешуваме со миксер едно 3/4 минути. Во текот на мешањето непрекинато додаваме 4 шољи масло, пецивото, и за на крај да завршиме со 9 шољи брашно. Мешаме додека смесата не се соедини. Со обично лажиче, земаме од смесата и тураме во тавата за печење. Ја ставаме тавата во рерната и печеме 10 минути, на температура од 200 степени. Во средината на колачот се става мармалад. За декорација по желба може одозгора да се стави топено чоколадо.

Можеби не изгледаат убаво на око, но затоа со пресно млеко како одат... :X3:

hwn9eg.jpg


s4yybr.jpg
 
Варен ослич како да го направам, само да се исчисти рибата и да се свари во вода? Некој правел ? Има пробано, како е вкусно или многу грдо ?
 
Варен ослич како да го направам, само да се исчисти рибата и да се свари во вода? Некој правел ? Има пробано, како е вкусно или многу грдо ?

Ќе си спремиш едно тавче со мн малце маслиново масло и путер ќе ги стаиш филетите али прво посоли ги и стај им црн бибер(пошто рибата не трпи други зачини) и после ќе додадеш малце вода и на тивок оган ќе си ги динсташ, рипчето све ке упие и ќе стане така сочно после ако имаш мн добар шмек дава балсамик винегар или едноставно цеден лимун и магданос мјамиииииииии....перверзии
 
Ај некој да дае рецепт за палачинки

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Ај некој да дае рецепт за палачинки

Sent from my ST21i using Tapatalk

Подготовката на смеса за палачинки треба да е еден од наједноставните зафати во кујната, но факт е дека на многумина токму ова им задава главоболки.

palacinki51.jpg


Меки, пенести и вкусни тешко дека ќе ги погодите доколку немате добар рецепт и тавче на кое нема да се лепат. Ви претставуваме рецепт од кујната на нашите баби, кој е едноставен и по него веќе нема да барате друг.

pancake_gallery_01-gt_full_width_landscape.jpg


Потребни состојки: - 3 јајца
- 250г брашно
- 350 мл млеко
- 1 чаша минерална вода
- Малку сол
- 2 лажички масло
- Половина лажичка рум

Pancakes-marmelade.jpg


Подготовка:
Измешајте ги јајцата додека не добиете густа хомогена смеса, ставете го маслото па млекото и измешајте. Потоа непрекинато мешајте и сипајте го брашното, додадете сол и рум за смесата да добие арома, а уште поважно за да спречите впивање на маслото. Доколку смесата ви се чини густа, разредете ја со минерална вода. Пржете ги палачинките на тавче на кое нема да се лепат. Декорирајте ги по сопствена желба и слободно експериментирајте.
 
Фала ама немам рум.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom