Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Подготовката на смеса за палачинки треба да е еден од наједноставните зафати во кујната, но факт е дека на многумина токму ова им задава главоболки.

palacinki51.jpg


Меки, пенести и вкусни тешко дека ќе ги погодите доколку немате добар рецепт и тавче на кое нема да се лепат. Ви претставуваме рецепт од кујната на нашите баби, кој е едноставен и по него веќе нема да барате друг.

pancake_gallery_01-gt_full_width_landscape.jpg


Потребни состојки: - 3 јајца
- 250г брашно
- 350 мл млеко
- 1 чаша минерална вода
- Малку сол
- 2 лажички масло
- Половина лажичка рум

Pancakes-marmelade.jpg


Подготовка:
Измешајте ги јајцата додека не добиете густа хомогена смеса, ставете го маслото па млекото и измешајте. Потоа непрекинато мешајте и сипајте го брашното, додадете сол и рум за смесата да добие арома, а уште поважно за да спречите впивање на маслото. Доколку смесата ви се чини густа, разредете ја со минерална вода. Пржете ги палачинките на тавче на кое нема да се лепат. Декорирајте ги по сопствена желба и слободно експериментирајте.
Фала ама немам рум

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Еве убава рецепта со можност за измени. Испробана во повеќе варијанти. Јас не ставам кашкавал туку дупла доза моцарела и шунката не ја рендам туку ја ставам како тенки листови.

http://moirecepti.mk/post/ролнички-со-шунка-и-моцарела/

Еве како ми излегоа:

Ролнички.jpg Ролнички 2.jpg
 
Љубовни тортиљи

Потребно е:
пакување тортиљи
300 гр стек, претходно испечен на скара или пржен и на ситни коцки исечкан
1 чаша павлака
копар
сенф
авокадо
козјо сирење
шери домат/обичен домат
мед, сол, маслиново


Љубовните тортиљи можете да ги правите со што сакате. Суштината е на рецептот кујната да стане оаза на сензуалноста. Претходно загрејте ги тортиљите (по 6 во пакување се обично) на 100 степени во рерна, само да се смлачат. Во длабок сад истурете ја павлаката, додајте копар, сол и маслиново масло и добро измешајте. Авокадото исечете го на тенки ливчиња, исто и шери доматите на половина или обичен домат на листови. Нека бидат ладни. Козјото сирење издендајте го и тргнете настрана. Сенфот и медот измешајте ги во мал сад. На секоја тортиља, малку стоплена, премачкајте од смесата со павлака, ставете по малку коцки пилешко, козјото сирење, листови од зеленчукот и полијте со смесата од мед со сенф. Свиткајте ги во врап и вратете ги на кратко на истата температура во рерна уште 5 минути. Експлозија од вкусови.
 
http://moirecepti.mk/post/велешка-пита-пастрмајлија

За Велешка да биде добра мора да е тестото погодено. Е сега има марифет, кога замесуваш температурата на водата треба да биде ниту ладна ниту жешка. Убаво треба да одстои, меко тесто треба да размесиш.
Никад нема да ја направам како мајка ми, а сто пати имам гледано како ги прави. Али ваљда е до искуството, ќе ме биде, во следните 20 години ќе ја направам како што треба :)
Фала за рецептот, ќе пукнам се прејадов...
4.jpg 7.jpg
 
Еве убава рецепта со можност за измени. Испробана во повеќе варијанти. Јас не ставам кашкавал туку дупла доза моцарела и шунката не ја рендам туку ја ставам како тенки листови.

http://moirecepti.mk/post/ролнички-со-шунка-и-моцарела/

Еве како ми излегоа:

Прегледај го приврзокот 94564 Прегледај го приврзокот 94565


Колку се само вкусни кифличкиве!

Само што ги направив ставив плус маслинки во филот, кој знае нека ги прави, кој не, нека дава рецепт по мајки и баби, ова е неверојатно вкусна ствар иако во принцип ич не сум љубител на теста.
 
Колку се само вкусни кифличкиве!

Само што ги направив ставив плус маслинки во филот, кој знае нека ги прави, кој не, нека дава рецепт по мајки и баби, ова е неверојатно вкусна ствар иако во принцип ич не сум љубител на теста.

:pipi:

Се праат пак сега по не знам кој пат. :vozbud:
 
Дајте некој рецепт со банани.

Печена банана

grillad-banan-med-choklad-och-notter-413508.jpg


Ја сечеш овака, ја полниш со nuts, темно чоколадо и малку мед по желба(јас имам ставано и кокос). Ја виткаш во фолија и ја печеш десетина минути, додека да се растопи чоколадото и да се затопли бананата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom