Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Последен пат ( пред месец ) во Карфур беше 290, пола кило. Стои во фрижидер кај сините сирења, одма после него почнуваат јогуртите. Најдетално. :)
 
Џем од праски

Мерката е на 2,5 килограми исчистени праски, оди килограм шеќер

Праските се мијат, лупат и сечат на коцки
Се стават во тенџере, се прркриваат со шеќер.
Се остават преку ноќ да стојат да пуштат течност
Се варат на умерен оган со мешање, додека не згусне ( приближно еден час или час и половина)
По желба се додава ванилин шеќер или лимонтус
Додека е топол џемот се прибира и затвора во топли тегли.

Денес бев на пазар и видов дека праските се многу ефтини - 10 до 15 денари за кило
Еве можност да направите џем и со него да се сеќавате на летото во текот на наредната зима
 
Ледени коцки


Состојки:

Бисквити

5 јајца

5 лажици шеќер

2 лачици какао

5 лажици брашно

1 прашак за пециво

1 шоља (2дл) шеќер

5 шољи вода


За првиот крем: 2 кесички пудинг од ванила

7 дл млеко

20 дгр маргарин

1 дл матена слатка павлака (хопла)

1 ванилин шеќер

За вториот крем; 2 кесички шлаг крем од чоколадо

1.5 дгр млекож

Рендано бело чоколадо


(дл = децилитар; дгр = декаграм)


Подготовка:


Изматете ги шолчките со шеќер, додајте брашно, прашакот за пециво и какао, се заедно да се спои во еднолична смеса и постепено измешајте ги белките. Се пече во тава од околу 30 џ 25 цм.

Во меѓувреме намокрете ги бисквитите во млеко, малку, да не се распаднат. Пудингот направете го на вообичаен начин со шеќер во млекото. Во изладеното додајте го мекиот скоро растопен маргарин, слатката павлака и ванилин шеќерот. Вториот крем направете го вообичаено со 2.5 децилитрите млеко. Се вади од тавата колачот, се ставаат бискивите меќу кремите и колачот, се премачкува колачот со обете креми, се остава да се излдади во фрижидер барем неколку саати за да зацврсне и се стегне целито. Се сече на коцки и се служи со љубов и убаво кафе.
 
Swh3wEXGea0.jpg

banani so chokolado
 
Мини торте за 15тина минути. :D

Обично на интернет рецептава ја пишува како колач во чаша (микробранова) и слично. Само што јас искомбинирав и си направив малку поголемко. :D

Овој пат, ги измешав „брашнестите“ состојки: 6 лажици брашно, 5 лажици шеќер, 1 пециво, 1 ванила, 1-2 лажици какао.
IMG_0086.JPG
Во посебен сад, изматив 3 јајца. Додадов уште неколку лажички маргарин, па пак „измиксирав“, па еурокрем и 1 лажичка мармалад, неколку лажици млеко, 1 лажица зејтин. И на крај кога сето тоа го измиксирав, ова го добив:
Поима неам зошто сликава е наопаку. :ROFLMAO:
IMG_0093.JPG
До душа и нема потреба од миксер, освен за јајцата. Ама мене така ми е полесно, кога се' е убаво промешано. Околу 5 минути го ставив во микробранова, па на површината додадов сецкани крем банани. И повторно уште 5-10 минути во микробранова.
IMG_0100.JPG
И еве што искочи. На крај само попрскав со рум. :X3:
IMG_0106.JPG IMG_0122.jpg
Важно е да имате брашно и шеќер, другите состојки не се неопходни. :D Сум правела 5-6 пати и секогаш изоставувам или млеко, или маргарин, јајца, зејтин, пециво, ванила... Што значи не мора и нема потреба да имате се'. :D Еурокремот првпат сега го ставив. А нема потреба и од мармаладот. Рецептата постојано ми варира. По некогаш додавам дробени бисквити, топено чоколадо, рум, екстракт од ванила, кокос... се' зависи од тоа што имам дома.

Инаку, на почетокот кога правев помала порција, вака изгледаше:
IMG_0009 m.jpg

На брзинка се прави и доста е вкусно. Само што секогаш штедам на шеќерот и на крајот му ставам нешто благо (во случајов крем бананите држат рамотежа), за да не искочи неблаго. :ROFLMAO: Еве рецепта за помала чашка.
 
Ајде ако може рецепт за готвење ориз кој нема да биде на крај кашаст туку да се одвојуваат зрната
 
Ајде ако може рецепт за готвење ориз кој нема да биде на крај кашаст туку да се одвојуваат зрната
За да ти се одвојуваат зрната треба да ставаш помалку вода. На еден филџан ориз се става 3 филџани вода. Пробај вака па после кажи. Ако и вака ти е кашесто, намали со водата, пола филџан помалку.
 
Незнам како да го наречам јадењево, ама пред некој ден го направив и ептен ми се допадна.

2 патлиџани
3-4 маслинки
1 зденка
200гр. кашкавал
2 лажици урда
зејтин
сол
бибер
оригано

Патлиџаните излупете ги и исечкајте ги ептен ситно. Потоа ставете ги во сад на оган 5 минти. Додадете ги зејтинот, солта, биберот и ориганото и оставете да се пржи.
Кашкавалот, маслинките и зденките исечкајте ги на коцки и заедно со урдата додадете ги во садот со патлиџани. Мешајте цело време се додека кашкавалот и зденките целосно не се растопат.

Пријатно јадење:)
 
Моми, невести, момци, дај кажете енкој рецепт за белки, ми останаа 4. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom