Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Не е многу шеќер, ја имам праено бајадерава два пати ама првиот пат ми излезе потечна, пошо не остаив шербетот да се залади малку па го стаив у мелените бисквити, а вториот пат не можев да ја извадам од калап пошо не ми беше убаво намрсен И затоа не ја праам трет патНалетав на ваков рецепт. Пред да го правам, ако некој го правел, нека каже, мене премногу шеќер ми фаќа око дека има.
Бајадера
Состојки
650 грама шеќер
18 лажици вода
210 грама маргарин
250 грама мелени ореви
250 грама мелени бисквити
100 грама чоколадо
глазура
100 грама чоколадо за готвење
20 грама маграрин
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка
Шеќерот и водата се зовриваат и тргаат настрана, потоа им се додаваат мелените бисквити, оревите и маслото, се да се соедини убаво. Се дели на два дела. Едниот с остава бел, другиот се прелива со топено чоколадо, Тој со чоколадото се почекува да се стегне малку и се спојува под белиот. Кога се ќе се олади убаво, се прелива со чоколадната глазура.
Се плашам да не ми излезе преблаг и да не може да се јаде.
На вкус е иста како бајадерата на Краш