Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Само не заборавајте додека го исецкате кромидот за да не ве печат очите :)))))))) Сега баш читав во мојата убава градина, така да еве ви линк .... http://mojataubavagradina.mk/index....3-kromid-onion-sulfur-placenje-solzi-zelencuk :))))

Мислам дека имаше некој трик да се сечи со ладен нож кој претходно стоел во фрижидер.
 
Мислам дека имаше некој трик да се сечи со ладен нож кој претходно стоел во фрижидер.
Ништо не помага околу сецкање кромид и плачење освен електричен сецко :D
 
Ништо не помага околу сецкање кромид и плачење освен електричен сецко :D
Знам ама...читав некаде ама никогаш не испробав..ме фаќа страв да не забележи некој дека чувам нож во фрижидер и да ми испратат жуто комбе пред зграда. :D

Едит. Треба и кромидот да е ладен од фрижидер.
 
Ќе си купите наочари за пливање и ќе немате проблеми :)
 
Ништо не помага околу сецкање кромид и плачење освен електричен сецко :D

Појма неам кај слушнав, ако си џвакал мастика немало да ти солзат очите. Неам пробано, незнам за 100%
 
Овај рецепт вчера го направив, само ми фалеше соја сос за да биде потполно задоволството.

Потребни продукти

250 гр. ориз
250 гр. стек
половина пакетче пасирани домати
масло (јас употребив маслиново)
1 морков
магдоност, вегета, сол
топла вода по потреба

Стекот се сечи на тенки ленти како резанци и се остава да се свари во вода. Во загреаното масло се ставаат да се испржат парчињата стек, кога ќе бидат готови се остават да се исцедат на салафетка во една чинија.
Претходно исечениот морков на мали коцки се додава со оризот во загреаното масло од пилешкиот стек, кога ќе се заруменат се тураат пасираните донати, топлата вода (мене околу 600 мл ми требаше за да биде готов оризот), магдоносот и зачините. Се остава да врие со мешање се додека оризот не биде сварен и не изврее целата вода.
Кога ќе биде готов оризот се додаваат внатре пржените резанци и се промешуваат малку, мене ми фалеше соја сос за да биде типична храна како од кинески ресторан, мислам дека и малку грашак од конзерва би му дало интересен вкус на ова јадење.
 
Појма неам кај слушнав, ако си џвакал мастика немало да ти солзат очите. Неам пробано, незнам за 100%
Ja чув дека и да ја наполниш устата со вода додека сецкаш кромид и немало да ти течат солзи :pos:
 
Ќе си купите наочари за пливање и ќе немате проблеми :)

Еден пријател на татко ми, нуркач по професија, сецкаше кромид со наочари и маска за нуркање :pos: Epic беа скарите што се правеа кога ќе се избацеше со маската :pos:

Анис, анасон, коморач, има повеќе имиња, иначе е зачинот што се става во мастика (ракијата).
 
Анис, анасон, коморач, има повеќе имиња, иначе е зачинот што се става во мастика (ракијата).
сигурен си?
зошто тогаш во Ш - нарачавме греано вино и токму оваква ѕвездичка ми падна во шоља
зар и во вино ставаат анасон, освен во мастиката? за цимет- ок, али ова:rolleyes:
[
 
сигурен си?
зошто тогаш во Ш - нарачавме греано вино и токму оваква ѕвездичка ми падна во шоља
зар и во вино ставаат анасон, освен во мастиката? за цимет- ок, али ова:rolleyes:
[
Сигурна сум, тоа е ѕвездест анис (star anise). Слаткаст е вкусот, не би ме чудело да го ставаат и во варено вино.
 
Пржени ефтини колбаси

Кобласите најнапред, ако е можно, ќе ги излупам. Ако колбасите не можат да се излупат тогаш ќе ги издупам со чепкалка.
Во тенџере, на оган, ќе ставам вода и од кога водата ќе зоврие, го тргам тенџерето од оган и во водата ги ставам ефтините колбаси. Така ги оставам колбасите во поклопено тенџере 20 до 30 минути. На овој начин колбасите ќе омекнат и ќе се намали количеството на сол и други зачини во нив.
Потоа, ги вадам колбасите од водата, ги бршам со салвета и од сите страни ги премачкувам со сенф. На крај, премачканите колбаси кратко ги пропржувам, на умерен оган, од сите страни.
Ова е скромно јадење но колбасот заслужува посебно внимание, бидејќи тоа е јадење на сиромашите. Овој рецепт не се однесува на разни деликатесни колбаси, кои по нашите месарници се нудат со цени често повисоки од цената на кременадли или шницли, туку на најефтините колбаси со цени од 90 до 130 денари за килограм кои со различни имиња се нудат во продавниците.
Ваквите колбаси биле познанати многу одамна. Во Стариот Рим ги правеле од овчо и козје месо и тоа, како и денеска од најнеквалитетно месо. Денеска дури и незнаеме од што ги прават. На опаковката обично пишува „ изработено по спецификација на произведувачот “, а што има во таа спецификација никој не знае. Тоа е секако начин, да месото со најслаб квалитет, со додавање на зачини и немесни додатоци, се направи вкусно за човечка употерба, со најниска цена која и најсиромашните ќе можат да ја платат.
Многу песни се напишани за ваквите колбаси. Воениот марш на Легијата на странците на Франција е посветен на ефтиниот колбас – крвавица – Le boudin.
Затоа пробајте го овој мој скромен рецепт и предложете други рецепти со храната на сиромашните, ефтиниот колбас.
Кој сака може да ја чуе и Le boudin на оваа адреса :
http://www.youtube.com/watch?v=qyoLv_HVFJE&feature=related
 
Хмммм. Секакви рецепти а? Ај баш ме интересира мене, сакам да направам ''холандски колач'' или ''магиџен'' како сакате викајте го. Битно е ефектот да се смејам дури го јадам:pos: , што се подразбира мора да содржи ТХЦ или Канабис. Кој ке ми го каже рецептот ке го поканам на колачот ветувам!!!
Кувари вие сте на потег
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom