Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
1 главица кромид ситно ја сецкаш,додаваш
2 моркова рендани и
600 гр.мелено месо.Сето ова се пропржува ,потоа сипуваш
1 л.томатело(во тетра пак),додаваш
сол
бибер мелен,црн
оригано 2-3 м.лаж.
босилок 2-3 м.лаж
Сето ова да крчка на тивко околу 30 мин,а во меѓувреме го правиш бешамелот.
За бешамел:
100гр.путер
4 супени лаж.брашно
1 л.млеко(Го пропржуваш брашното на путер ,па додаваш 1 л.млеко)
Кога се ова ќе ти биде готово ставаш 2 кутлачи од бешамелот во земјена тава па потоа редиш од корите -неварени,така од кутија само извадени-па 1 црпалка пак бешамел,па од меленото месо 1-2 црпалки.Се ова до крај се реди,кори ,бешамел,месото.
Најгоре ќе си ставиш рендан кашкавал.
Тавата ќе ја ставиш во загреана рерна на 220-230 Ц.да се пече околу 40 мин.
За да провериш дали е готово ,со долг нож,боцни во лазањата,ако ножот слободно влегува,нема од томателото неизвриено,значи дека се готови.
Препорачувам за промена наместо мелено месо да се стави ситно исечкан пилешки стек како за цезар салата кој е прво подварен во вода и да се испржи.
Мене ми е уште поубава пилешката лазања.