Секакви рецепти

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
1 главица кромид ситно ја сецкаш,додаваш
2 моркова рендани и
600 гр.мелено месо.Сето ова се пропржува ,потоа сипуваш
1 л.томатело(во тетра пак),додаваш
сол
бибер мелен,црн
оригано 2-3 м.лаж.
босилок 2-3 м.лаж
Сето ова да крчка на тивко околу 30 мин,а во меѓувреме го правиш бешамелот.

За бешамел:
100гр.путер
4 супени лаж.брашно
1 л.млеко(Го пропржуваш брашното на путер ,па додаваш 1 л.млеко)

Кога се ова ќе ти биде готово ставаш 2 кутлачи од бешамелот во земјена тава па потоа редиш од корите -неварени,така од кутија само извадени-па 1 црпалка пак бешамел,па од меленото месо 1-2 црпалки.Се ова до крај се реди,кори ,бешамел,месото.
Најгоре ќе си ставиш рендан кашкавал.
Тавата ќе ја ставиш во загреана рерна на 220-230 Ц.да се пече околу 40 мин.
За да провериш дали е готово ,со долг нож,боцни во лазањата,ако ножот слободно влегува,нема од томателото неизвриено,значи дека се готови.
Препорачувам за промена наместо мелено месо да се стави ситно исечкан пилешки стек како за цезар салата кој е прво подварен во вода и да се испржи.
Мене ми е уште поубава пилешката лазања.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Цигански шницли
Ете жени што ќе јадете следно кај мене :icon_mrgr:
Какви пирошки сум направила минатиот викенд, требаше Џенка да ја викнам да ги проба.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Плс, ако има рецепт за ќофтиња од тиквички и мусака со тиквиички.

Еднаш правев ќофтиња ама ми се распаднаа.
тенкс
 
A

AnFem

Гостин
Плс, ако има рецепт за ќофтиња од тиквички и мусака со тиквиички.

Еднаш правев ќофтиња ама ми се распаднаа.
тенкс
Ги рендаш тиквичките и ги оставаш да се цедат. Можеш и да ги завиткаш во крпа и да ги исцедиш убаво, ова е многу битен момент, за да не се распаѓаат и да не бидат лигави. Ставаш зачини (сол, вегета), кромид, јајце, брашно и/или презла.

Постапката од прилика оди овака, со вкусот и зачините можеш да експериментираш.

Каква мусака, како онаа со црни патлиџани (месо и зеленчук)?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ги рендаш тиквичките и ги оставаш да се цедат. Можеш и да ги завиткаш во крпа и да ги исцедиш убаво, ова е многу битен момент, за да не се распаѓаат и да не бидат лигави. Ставаш зачини (сол, вегета), кромид, јајце, брашно и/или презла.

Постапката од прилика оди овака, со вкусот и зачините можеш да експериментираш.

Каква мусака, како онаа со црни патлиџани (месо и зеленчук)?
Фала ти многу. Во еден рецепт што го гледав пишуаше да се исцедат, ама некако мислев дека и без тоа ќе ги биде.
И само ги изрендав и замешав. :(

За мусаката, пробав да правам исто како со компири, а наместо месо, ставив сирење, ама ептен сува ми излезе. Има рецепти со испржени тиквички, ама многу мрсни ми с е гледат.
Јас не сум љубител на месо, па секаде каде може да ставам нешто друго, го заменувам.

Патлиџани исто сакам многу. Ако имаш рецепти, слободно напиши ми, или пак стави линк ако веќе ги има.

Фала
 
И јас како нејубител на месо експериментирам со зеленчуците во кујна. Еве ти уште идеи:

SAM_0941.JPG

Горе-лево се од тиквички, горе-десно од компири и печурки, на средина се црните патлиџани-поховани, до салатата се од моркови и овие последниве (многу ме потсеќаат на ќофтињата од месо) се од леќа. Сега сакам да пробам со спанаќ, а не се лоши и оние од карфиол.
Подготовката е за сите скоро иста како со тиквичките, освен со цедењето, овие нема потреба да се цедат. Вкусни се и одлична замена за месо, ама сепак избегнувам да ги правам, не сакам многу прженици. Многу е битно црниот патлиџан да се посоли пред да се пржи и пола час-час да се остави исечен, посолен и завиткан во крпа, да го испушти сокот, на тој начин помалку ќе впива зејтин.

Ни јас не сум љубител на месо, ама мајка ми прави една фина мусака со црни патлиџани, па еднаш си ја направив и јас иста како неа. Е сега, немам пробано само со соја-трошки наместо месо. Мајка ми меша мелено месо со соја трошки. Ако сакаш, ќе го пишам рецептот.

Инаку и јас сакам да знам повеќе рецепти со тиквички и црни патлиџани. Еднаш правев нешто како пинџур со пиперки, домати, тиквички и црни патлиџани. Одличен излезе.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
И јас како нејубител на месо експериментирам со зеленчуците во кујна. Еве ти уште идеи:

Прегледај го приврзокот 42820

Горе-лево се од тиквички, горе-десно од компири и печурки, на средина се црните патлиџани-поховани, до салатата се од моркови и овие последниве (многу ме потсеќаат на ќофтињата од месо) се од леќа. Сега сакам да пробам со спанаќ, а не се лоши и оние од карфиол.
Подготовката е за сите скоро иста како со тиквичките, освен со цедењето, овие нема потреба да се цедат. Вкусни се и одлична замена за месо, ама сепак избегнувам да ги правам, не сакам многу прженици. Многу е битно црниот патлиџан да се посоли пред да се пржи и пола час-час да се остави исечен, посолен и завиткан во крпа, да го испушти сокот, на тој начин помалку ќе впива зејтин.

Ни јас не сум љубител на месо, ама мајка ми прави една фина мусака со црни патлиџани, па еднаш си ја направив и јас иста како неа. Е сега, немам пробано само со соја-трошки наместо месо. Мајка ми меша мелено месо со соја трошки. Ако сакаш, ќе го пишам рецептот.

Инаку и јас сакам да знам повеќе рецепти со тиквички и црни патлиџани. Еднаш правев нешто како пинџур со пиперки, домати, тиквички и црни патлиџани. Одличен излезе.
Леле колку вкусно изгледа!
Ти благодарам за трудот, а може и мусаката да ми ја кажеш. Еднаш пробав да правам, ама ми излезе како со тиквичките, оти не ја запазив процедурата.
Јас на стари години почнав да готвам, а со мама не се разбирам баш лесно- таа објаснуа како се да знам!
Ова си го копипејстам :)
поздрав
 
Добро, ако не ти објаснувам нешто подетално, слободно прашај.
Мусаката оди овака:
Го лупиш црниот патчиџан, го сечеш на тркалца, го посолуваш, го покриваш со крпа и го оставаш да стои околу половина час.
Се пржат/динстаат ситно исецкани главица кромид и морков (можеш и два, ако се помали) и пиперка. По 5 минути се додава домат, ако немаш, може и кечап и/или доматно пире. Потоа и меленото месо (ако ставаш соја трошки, нив прво ги вариш според упатството и ги додаваш на крај). Се пропржува/динста кратко и се распоредува во тава во тава (заедно со зејтинот) . Во меѓувреме го пржиш и црниот патлиџан, па го редиш во тавата, врз месото и зеленчукот. Ставаш две чаши вода и ја ставаш тавата да се пече. Јас печев околу 250 степени. Кога ќе ти остане сосема малку вода (не се гледа на површината, само смесата е „кашава“), ја гасиш рерната и оставаш да се олади внатре околу 15-20 минути. На тој начин ќе испари и остатокот на вода. Истава мусака можеш и со тиквички, мене ми е поубава со црни патлиџани. Прави и пиши како излегла ;)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Инаку и јас сакам да знам повеќе рецепти со тиквички и црни патлиџани. Еднаш правев нешто како пинџур со пиперки, домати, тиквички и црни патлиџани. Одличен излезе.
Овој рецепт излегува супер и со тиквички и со модар патлиџан
Полнети тиквички (млади)
4 тиквици средна големина
150 гр шунка
сирење по желба
магданос
маслински сецкани
лук
зачин (вегета, сол црн пипер)
2 јајца

Подговотовка:

Ги миете тиквичките и ги сечете на половина (долгнавесто), средишниот дел го вадите и ситно го сецкате, истото го правите и со шунката, магданосот, и маслинките, сето тоа во длабок сад го мешате, додавате сирење и лук со помош на ренде, двете јајца или изматете ги прво или убаво со помош на (чиста) рака измешајте ги со состојките да добиете една хомогена смеса, накарај само зачинете и со смесата наполнете ги тиквичките, на претходно загреана рерна од 230 степени во голема тава исецкајте домати (или некои конзервирани) со една главица кромид, ставете ги врз сосот тиквиците и печете едно половина час, откако ке заруменат одозгора додајте ленти кашкавал вратете уште 2 минути да се растопи, на крај извадете ја тавата и со сосот врз кој што ги ставивте тиквиците полејте ги и БОН апетит!
Тиквичките се исто многу вкусни спремени на ептен едноставен начин, се сецкаат на тенки кругчиња, се посолуваат, се става италијански зачин (мешавина од оригано, босилек, лук) и малку зејтин и се печат на фолија во рерна. Можеш да ги печеш додека не станат крцкави, а можеш и помеки да ги оставиш, како ти се повкусни.
Модриот патлиџан е многу вкусен исечен на парчиња по должина и потпечен со пармезан и зачини, и на скара исто излегува ептен вкусен.
Имав еден рецепт со сирење и нане, ама не можам нигде да го најдам, а ептен беше вкусен, ако го најдам ќе го пишам.
Еве линк од BBC food со доста рецепти, само што некои состојки ги нема кај нас.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@ AnFem
@ AlternativeF
Мој наклон, лејдис :cuc:

Прва прилика да најдам убави патлиџани и тиквички, ги испробувам рецептите. Поздрав
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Чипс од јаболка

Потребно е:
-4 цврсти јаболка (се препорачуваат зелените јаболка
- две големи лажици шеќер
- 1/2 лажица цимет
- 1 голема лажица сок од лимон
- 1 шоља ладна вода

Подготовка: Загрејте ја рерната на 80 степени целзиусови. Во мал сад ставете ги водата и лимоновиот сок. Измијте ги, излупете ги и исечете ги јаболката на тенки кришки. Како што ќе ги сечете кришките, така ставајте ги во водата со лимоновиот сок за да не поцрнат. Во тавче ставете хартија за печење и распоредете ги јаболката.Од горе, попрскајте ги со миксот од шеќер и цимет. Печете два часа додека краевите на јаболката не се кренат нагоре и добијат златна боја.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тиквичките се исто многу вкусни спремени на ептен едноставен начин, се сецкаат на тенки кругчиња, се посолуваат,
Денес за ручек подготвив едноставно тиквички во рерна:
Тавата ја подмачкав,
три тиквички ги ислупив и исеков на кругови
додадов 300 грама дробено сирење
Тивичките и сирењето ги помешав и наредив во подмачканата тава
Во канче од половина кило кисело млеко додадов и промешав две полни кафени лажички брашно.
Со киселото млеко ги прелив тиквичките и печев во рерна 45 минути.
Испадна прилично вкусно...Мислам овој начин на приготвување на зеленчук да го испобам и со други видови зеленчук. Инаку сервирав со плескавици, што не беше успешна комбинација.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ако сте љубители на потпечен компир, еве ви еден интересен рецепт (не е којзнае што, ама е многу вкусен) ;)
Потребно ви е 1 килограм компир, сол, вегета, путер или маргарин и хартија за печење.
Компирите ќе ги излупите и потоа ги сецкате по должина на кругчиња со дебелина од 1 цм. Ги редите во тава со хартија за печење и врз секое компирче ставате малку путер, па вегета и сол врз него. Ставете во загреана рерна на 250 степени да се пече околу 30-40 минути. Кога ќе добијат златна боја одозгора и ќе бидат меки извадите ги и оставете 5-10 минути да се заладат.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Едноставен рецепт за пиле, уште не сум го пробал.
Очерупати кокошку...не :D јк

Значи вака, земате 300 грама крупна морска сол и едно пиле.
Солта ја ставате во тавче, ја распоредувате на сите страни и само го ставате пилето врз солта, ништо друго.
Така во рерна едно 2 саати на 200 степени и добивате супер крцкаво и сочно пиле.
 
Ова го имам пробано еднаш и пилето беше фантастик!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom