Сејте љубов помеѓу вас

  • Креатор на темата Креатор на темата stojance andov
  • Време на започнување Време на започнување
Abe luge kako tebe sekogas naogaat izgovor za da ne se pomirat so Bog!
ZASTO bOG NI DAD slobodna volja i ne sakase roboti! Bog sakase od ljubov i pocit kon Nego da ne zgresime!
мослиш дека не врувам во бог?
не бе.баш напротив.само не верувам дека ќе ме казни."мојот" бог не казнува.не оној во кој јас верувам,не онака како што јас верувам.
христијанка сум за инфо.

Според својот Образец Бог го создаде и човекот,му даде разум и душа и потполна слобода,да ги користи сите плодови како што смета дека е добро.Потоа,како мудар родител - а Тој тоа беше - чекаше да види каков избор ќе направи тоа Негово дете. Да,родителите можеби ќе те казнат,но Бог е полн со љубов и со милост,тој се извинува,и се простува,со покајание.
ок,ај ќе се запнам јас за родителите пак,чисто да ти доловам како ги сваќам твоиве објаснувања.
мене таткоми ќе ми даде потполна слобода да бирам меѓу јаболко(лош избор) и патлиџан(добар избор),ќе ме набљудува да види што ќе одберам.
кога јас ќе го одберам јаболкото ќе ме фрли да горам во пеколот мене и сите мои поколенија????
и на крај ќе го прати неговиот друг син да умре за мојот грев?
зашто воопшто бог би сакал ние да одиме во пеколот?
зашто би ни судел?
нели не сака?
вистинити зборови,Марина:smir:.
ако несакаш јас можам да не поставувам прашања,секако ако не можеш да одговориш на нив.
слободно кажи:smir:
Напротив ти рекол да не правиш грев...
ади слободно од секое дрво во градината, но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото!Во денот кога јадеш од него, навистина ке умреш‘‘ ..и така почналоооо....
и зашто би го ставил тоа дрво пред нас ако не би сакал да каснеме од него?
зашто би не доведувал во искушение?
 
Па Јован вели...Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот...
Сепак искушението и невоздржаноста се само човечки..
 
ако несакаш јас можам да не поставувам прашања,секако ако не можеш да одговориш на нив.
слободно кажи:smir:

Се сложувам со овие зборови на Марина,зашто се вистинити:" ZASTO bOG NI DAD slobodna volja i ne sakase roboti! Bog sakase od ljubov i pocit kon Nego da ne zgresime!"
Можеш да прашаш се што сакаш,секогаш можам да одговорам на нив,дали ти ќе ги прифатиш како праведни на тебе останува.

Секое добро.
 
Изгледа идејата за ОДГОВОРНОСТ никако да ни седне во нашите ФАЈЛОВИ во главата. Но тоа е пријатели КОМУНИСТИЧКО наследство, каде што ПОЕДИНЦИТЕ имаа КУП привилегии (ај да речеме слободи) да си прават што сакат, но ОДГОВОРНОСТИ-јок.
Тоа го имаме и ДЕНЕС кај НАШИВЕ функционери, но не само кај нив, туку и кај НАС, т.е. кај обичниот народ.
Гледајте само оолу себе што секој прави и ќе ви СВЕТНЕ.

Е па сега за СЛОБОДНАТА ВОЛЈА која Бог ни ја дал! П е слободна. Можеш да правиш ШТО ќе ти дојде. Е, сега што на крај имаш ОДРЕДЕНИ последици ... И ота е слободна волја ... ПРАВО НА ТВОЈ ИЗБОР. Бог тука не ти се меша.
 
Па Јован вели...Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот...
Сепак искушението и невоздржаноста се само човечки..
сеуште не ми одговори
и зашто би го ставил тоа дрво пред нас ако не би сакал да каснеме од него?
батали што вика јован.не го ставил јован дрвото,бог го ставил,бог не довел во искушение,бог не невел да грешиме,бог ни ја ставил идејата за искушение.можел едноставно да го тргне дрвото и да не мора да се каеме цел животен век
ако ви сметаат моите прашања или ве нервираат слободно кажете,ќе престанам
 
ок,ај ќе се запнам јас за родителите пак,чисто да ти доловам како ги сваќам твоиве објаснувања.
мене таткоми ќе ми даде потполна слобода да бирам меѓу јаболко(лош избор) и патлиџан(добар избор),ќе ме набљудува да види што ќе одберам.
кога јас ќе го одберам јаболкото ќе ме фрли да горам во пеколот мене и сите мои поколенија????
и на крај ќе го прати неговиот друг син да умре за мојот грев?
зашто воопшто бог би сакал ние да одиме во пеколот?
зашто би ни судел?
нели не сака?

Токму затоа што Бог не сакал,ни го дал тоа право на слободен избор,за да види дали сме достојни да бидеме образот Негов.родителот би ти дозволил да згрешиш,за да научиш која е вистината,кој е правилниот пат,оној кој е праведен. Тој родител нема целиот живот да биде со тебе,нели,во еден миг ќе се најдеш сама на патот,а родителот ја има должноста да те научи како да чекориш по патот што ти,со твојата слободна волја и расудување ќе го избереш.А Бог е до нас секогаш,ако избереме да чекориме по Неговиот свет пат.
Бог не казнува,името на Бог е за љубов и милост. Бог никогаш не би сакал да одиме во пеколот,на нас останува да избереме,а на грешникот со покајание сите гревови ќе му бидат простени,тој ќе живее,нема да умре.
 
се согласувам.но нели би било полесно кога наместо да небљудува,да ми каже кој е вистинскиот пат?
или кога веќе решил да си видам сама да не иде позади мене и да ми вика ако згрешиш ќе умреш.единствено спасение ти е вечно да живееш во покајание
сега не ми е јасно!
ако не се покаам ќе горам во пеколот.нели тоа е казна?
 
Штом се доближиш до Него,со молитва,со милост и љубов,зашто и милоста,и љубовта произлегуваат од верата во Бога,Тој ќе ти покаже кој е вистинскиот пат,кога молитвата доаѓа искрено од срцето Тој секогаш ќе ја чуе.
Да,тоа би било казна,но вистинскиот верник,оној кој чекори по Божјиот пат за сите свои гревови се покајува.
 
сеуште не ми одговори
батали што вика јован.не го ставил јован дрвото,бог го ставил,бог не довел во искушение,бог не невел да грешиме,бог ни ја ставил идејата за искушение.можел едноставно да го тргне дрвото и да не мора да се каеме цел животен век
Како не ти одговорив..искушение...А ова за Јован ме насмеа..како да го баталм Јован..па Јован не е творец на Библијата..само средство..
ако ви сметаат моите прашања или ве нервираат слободно кажете,ќе престанам
не ни смета, напротив..
 
значи треба да го поднесам искушението,да се спротиставам на мојата човечка особина за да бидам примена во рајот?
зашто бог би сакал така?
нели би му било полесно да не не доведува во искушение?
 
Си чула за споредбата со грнчарот..
 
Слободната волја ти е до моментот на “ова ти е забрането да го направиш“. На пример да убиеш. Зошто би имала проблем со границите на мојата слободна волја, на пример. И зошто да не очекувм казна за дело кое по секој закон е оценето како лошо/неправилно, нели е така. Значи логично е, и marcus го посочи концептот имате права и одговорности. Мене ми е сосема фер. :)

Ако сфатиме дека сме несовршени, дека не знаеме подобро (ова не значи да не напредуваме со полни потенцијали) би се ослободиле од многу стеги на нашата суета и многу нешта би ни биле појасни, а и полесни не се сомневам.
 
Леле ама си запнала со тоа искушение...:)

Не може се да биде розово.Како што постои доброто (Бог), така постои и злото (ѓаволот).:toe:
 
Ако некој има време и Библија, прочитај во Евангелието според Лука 15:11-24

Убав пример за СЛОБОДНА волја и за БЕЗУСЛОВНАТА љубов.
 
Си чула за споредбата со грнчарот..
не

јас немам проблем со моите граници.на тоа ме учи црквата и општеството и тоа е во ред.за тоа сум благодарна.кој би сакал анархија?
само не ми беше јасно зашто ако бог не направил според своја слика и прилика би дозволил да гориме по пеколот и би не осудил на вечен грев и би не казнувал...но од друга страна не сака и ние сме негови деца.
Леле ама си запнала со тоа искушение...:)

Не може се да биде розово.Како што постои доброто (Бог), така постои и злото (ѓаволот).:toe:
еве сеа ќе се запнам за бог и ѓаволот.
зарем навистина веруваш дека постои ѓаволот и дека бог е во вечна борба со него?
и дека бог може да ја загуби таа борба?
ако бог ги губи битките,што ни преостанува нас??

Ако некој има време и Библија, прочитај во Евангелието според Лука 15:11-24

Убав пример за СЛОБОДНА волја и за БЕЗУСЛОВНАТА љубов.
прочитано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom