Сејф Сити (Safe City)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Ниту е уставен ниту е во согласност со другите закони. Спротивен е на кривичниот законик, спротивен е на законот за заштита на личните податоци.... се на се, катастрофа од закон. Пример, во законот за заштита на личните податоци стои дека за вршење на видео надзор мора да има истакнатво видливо известување дека на тој простор се врши видео надзор, кој го врши надзорот и каде може да се добијат информации за вршењето на видео надзорот. Значи, пред да влезеш во простор кој е под видео надзор мора да има такво известување, во спротивно видео надзорот е незаконит. У превод тоа значи дека за секоја поставена камера на сејф сити, пред влегување во зоната на која се врши надзорот мора да има известување дека се врши видео надзор од страна на мвр и податок за тоа каде може да се добијат информации за надзорот. Гледам нешто се обидуваат да се усогласат со законот па по автопатот пред секои камери има известување дека се врши надзор со камери, но знакот не ги содржи другите податоци. Треба и во градовите да се постават видливи известувања по кои ке знаеш дека влегуваш во зона која е под видео надзор. Исто така, спротивно на кривичниот законик, се казнува според сопственоста на возилото а без да се идентификува сторителот на прекршокот или кривичното дело. По законот, треба да се казни сторителот на делото а не сопственикот на предметот со кој е извршено делото, а во постапката обвинетиот не е должен да докажува дека тој не го сторил делото, туку обивинителот е должен да докаже дека обвинетиот е тој кој што го извршил делото и тоа на тој и тој начин..... ова и во корелација со тоа што никој не е должен да пријави или да сведочи против близок сродник, сејф сити го прави лепешка, само што кај нас судството е една голема дупка.

Нешто слична е приказната и со зонското паркирање: ниту Градски Паркинг, ниту ПОЦ не нудат опција за плаќање со готовина.

Единствена легална валута за плаќање во Македонија е македонскиот денар и било какви плаќања во готовина се задолжително прифатливи и дозволени за било какви наплати или долгови, додека безготовинските плаќања се опционални.

Градски Паркинг и ПОЦ го прават спротивното: го прават безготовинското плаќање задолжително и обврзувачко, и тоа не преку дебитна или кредитна картичка, туку преку мобилен телефон, што самото по себеси повлекува задолжителна телефонска претплата.

Во Македонија Уставот не гарантира право на поседување на мобилен телефон и на телефонска претплата, во спротивно телекомуникациските оператори би биле обврзани да нудат бесплатна претплата со најминимални опции, како минимален број на бесплатни минути за телефонски разговори, минимален број на бесплатни СМС пораки, минимален број на бесплатни мегабајти или бесплатни гигабајти Интернет и слично.

Па потоа бесплатен сервис за бесплатен мобилен телефон, бесплатна замена на неисправен бесплатен мобилен телефон, бесплатно полнење на батерија на бесплатен мобилен телефон и бројни други работи кои не се загарантирани со Устав во Македонија, а не сум слушнал да се загарантирани со Устав во некои други држави.

Кристално истото важи и за електронска адреса, банкарска сметка, дебитна/кредитна картичка и останати услуги кои не се загарантирани со Устав за да би можеле услугите на Градски Паркинг, ПОЦ, како и казните од анти-Безбеден Град да бидат уставно легални.

Но исто како и со анти-Безбеден Град, така и со зонското паркирање, додека не ги однесе некој на суд и да паднат како крушки пред Судот за човекови права во Стразбур, ќе има бричење на суво.
 
Последно уредено:
Sega stvarno ne mi ste jasni. Sakate da ludvate niz naseleno mesto so 100 km/h i posle neminivno ko ke go krenat nekoj na hauba da placite kako sistemot ne go biva, nema kazni i pojma nemam tamu sto.
Stvarno so vi e problemot ?
 
Сакаме во секое населено место да има а не некои да се привилигирани, сакаме да се казнува без иземање на таблици али со овој систем тешко
 
Нешто слична е приказната и со зонското паркирање: ниту Градски Паркинг, ниту ПОЦ не нудат опција за плаќање со готовина.

Единствена легална валута за плаќање во Македонија е македонскиот денар и било какви плаќања во готовина се задолжително прифатливи и дозволени за било какви наплати или долгови, додека безготовинските плаќања се опционални.

Градски Паркинг и ПОЦ го прават спротивното: го прават безготовинското плаќање задолжително и обврзувачко, и тоа не преку дебитна или кредитна картичка, туку преку мобилен телефон, што самото по себеси повлекува задолжителна телефонска претплата.

Во Македонија Уставот не гарантира право на поседување на мобилен телефон и на телефонска претплата, во спротивно телекомуникациските оператори би биле обврзани да нудат бесплатна претплата со најминимални опции, како минимален број на бесплатни минути за телефонски разговори, минимален број на бесплатни СМС пораки, минимален број на бесплатни мегабајти или бесплатни гигабајти Интернет и слично.

Па потоа бесплатен сервис за бесплатен мобилен телефон, бесплатна замена на неисправен бесплатен мобилен телефон, бесплатно полнење на батерија на бесплатен мобилен телефон и бројни други работи кои не се загарантирани со Устав во Македонија, а не сум слушнал да се загарантирани со Устав во некои други држави.

Кристално истото важи и за електронска адреса, банкарска сметка, дебитна/кредитна картичка и останати услуги кои не се загарантирани со Устав за да би можеле услугите на Градски Паркинг, ПОЦ, како и казните од анти-Безбеден Град да бидат уставно легални.

Но исто како и со анти-Безбеден Град, така и со зонското паркирање, додека не ги однесе некој на суд и да паднат како крушки пред Судот за човекови права во Стразбур, ќе има бричење на суво.
Мечка од „Инфомакс„ правнички објасни дека „Сејфот„ нема уставно-законска основа за негово спроведување...и како што е очигледно, ништо битно не се промени на терен.

За власта е најбитно да течат пари од казни во нејзината каса, мастиљарите (читај-„нашите„) да бидат „ухлебни„ и да земат плата „на први„, а сосема небитно дали тоа е законски или не е.

Ај...не е прв пат, а се чини нути последен случај на беззаконие во „нашата земјата„.
 
Back
На врв Bottom