Ако се подели Косово можна е поделба и на Македонија, предупреди вчера косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Тој во интервју за Коха Диторе наведува дека поделбата на Косово би значела отворање на можноста за обединување на Косово со Албанија, но и би се отворило и прашањето на албанското малцинство во три општини на југот на Србија, како и во Македонија и Црна Гора.
- Ако меѓународната заедница дозволи поделба на Косово, тоа би било отворање на Пандорината кутија и не би завршило само со Косово - вели Сејдиу.
Косовскиот претседател сепак не верува во ваков расплет на настаните. Приштина, според него, не е за таа можност.
- Ние сме за почитување на границите. Косово нема претензии кон границите на другите. Косово ја цени внатрешната стабилност, но и регионалната стабилност. Тука пред се зборувам за Македонија, но и за другите - смета Сејдиу.
Тој се сомнева дека и меѓународната заедница би се согласила со поделбата на покраината.
- Не верувам дека меѓународната заедница е подготвена да влезе во таква игра, која можеби за Србија е привлечна, но не би рекол дека сметката може лесно да се направи без главниот крчмар. Говорам за тоа дека Косово има свој одговор - рече Сејдиу.
Вечер