Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
ќе почнам со;
мало-викенд плинското решо и малата боца
сте ставиле нова боца,плинското решо не сака да запали.
не го правете ова,ако во просторијата има запалена цигара или свеќа или други електрични грејни тела или електричен алат што фрла искри. Најдобро за оваа и наредните поправки излезете во дворот или на тераса.
1. Не ја одвртувајте боцата,нека остане внатре во кутијата.
2. Со соодветен рачваст клуч одвртетеја горната решетка,види слика подоле.
..................................................................................................
3.потоа со соодветен помал рачваст клуч(не со клешта) одвртетеја горната месингана дизна,која во средината има мала дупка,тешко и се приметува,ставетеја према сонцето или некое огледало и погледнете низ неа ,ако не се приметува со светло дупката значи е запушена-затворена со саѓи.
еве ја таа дизна горе,лесно се одвртува на десно.............
4.потоа со најтенка игла што ја имате или со тенка појака жица,го чистите отворот во средина на дизната.Повторно погледнувате дали е отворена......
еве вака како на оваа слика,дупката во средина мора да биде прозирна и чиста,се пробушува од двете страни.Отворот мора да остане со исто Ф,никако не го проширувајте или дупчите со бургија или шило,и дури тогаш кога ќе ја завршите оваа работа,ги монтирате сите овие делови и повторно пробате да запалите-секако пламен ќе добиете во 99% случаеви.
запалено е решото,ама не сака да се изгасне со вентилот.
1.Почесто тоа е само мал пламен(диши вентилот),може да се изгасне и на друг начин но и понатаму се слуша дишење или се осеќа и со мирис.
2.Најдобро во овој случај да се потроши боцата и дури потоа да се почне со работа- но најдобро е плинското решо да се демонтира за делови или фрли.
3.Вентилот се вади на тој начин што прво се одвртува затегачот-завртката на неговата осовина,а потоа со вртење кон лево се вади целиот вентил.
..................................................................................................
4. Врвот на вентилот е конусен и со долготрајна работа таму се направила невидлива бразда,а најчесто со премногу непотребно затегнување.Тоа може да се поправи (повеќепати и успешно) со брусење-шмирглање на конусот но најдобро не го правете ова,купете ново решо....................................................
5.
при ставање на нова боца таа ви издиши веднаш..........
Не пробувајте ништо, белее целото решо,мраз ви се рацете,оставете ја боцата целосно да издиши,да се потроши,внимајте да нема во близина во тоа време пушачи или друг некој пламен,или покријте го решото со стара кутија.
1.Пред да ја ставите боцата во решото,потегнетего кон вас со раката гумичето што се наоѓа внатре во средината на решото,како ова на сликава.Во средина на гумицата има игла таа не треба да стрчи надвор и не треба да се допира. Најчесто со тек на време внатрешната опруга не работи и заглавува,па така гумичката при вадење на потрошената боца останува во крајна положба.Проверете дали гумичката не е оштетена,или има бразда по средина во таков случај таа мора да се замени со нова-нема поравка на гумички.......
долниот капак шлајвува-не ја затега боцата.
1.Ставате нова боца,не се пали решото, поради не издупчена боца.
2.Проверете долниот затегач за боцата,можеби е напукнат,привремено може да употребите за поправка голема стега за црево, но што побрзо најдете замена нов долен капак. Не го лепете пукнатиот,може да направи беља.....
при палење на решото избувнува пламен и кај вентилот.
1.Ова е најпроблематичен проблем од кој и најчесто се прават пожарите по станови или куќи.Значи пламен има и надвор од горилникот,кај вентилот,пламенот ствара тешкотии тој и да се затвори,но мора да проба,односно мора да се затвори вентилот, работата е снајди се,не се тревожи,не го фрлај решото од тераса,намокри една крпа завиткај ја раката и затвориго вентилот,може и мокра кујинска ракавица или зимна ракавица.Не го покривај решото со ќебе,правиш поголем проблем ако се запали и ќебето.
2.Прстенастите гумички на осовината се изабиле и пропуштаат плин кон надвор и тој некако се запалил.
3.Можна е замена на овие семеринзи но сами не го правете тоа,туку на специјален мајстор по занатот.
4.При пуштање-отварање на вентилот ако осетите на прстите дување откај осовината не го палете решото,или тоа вака проверетего а не со запалка.
ви се истурило кафе врз решетката.........................................
1.изгаснете го решото.Одвртетеја решетката како во погоре што е објаснето и под млаз топла вода очистетеја-издувајтеја и ставетеја на топла рингла да се осуши.Ако е потребно и дизната очистетеја како што е наведено.
------------------------------------
следува решо и боци од 3-5-10 литри и шпорети.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ајде сега ставро некој да не те превари,кажи што имаш
мало-викенд плинското решо и малата боца

не го правете ова,ако во просторијата има запалена цигара или свеќа или други електрични грејни тела или електричен алат што фрла искри. Најдобро за оваа и наредните поправки излезете во дворот или на тераса.
1. Не ја одвртувајте боцата,нека остане внатре во кутијата.
2. Со соодветен рачваст клуч одвртетеја горната решетка,види слика подоле.

3.потоа со соодветен помал рачваст клуч(не со клешта) одвртетеја горната месингана дизна,која во средината има мала дупка,тешко и се приметува,ставетеја према сонцето или некое огледало и погледнете низ неа ,ако не се приметува со светло дупката значи е запушена-затворена со саѓи.

4.потоа со најтенка игла што ја имате или со тенка појака жица,го чистите отворот во средина на дизната.Повторно погледнувате дали е отворена......


1.Почесто тоа е само мал пламен(диши вентилот),може да се изгасне и на друг начин но и понатаму се слуша дишење или се осеќа и со мирис.
2.Најдобро во овој случај да се потроши боцата и дури потоа да се почне со работа- но најдобро е плинското решо да се демонтира за делови или фрли.
3.Вентилот се вади на тој начин што прво се одвртува затегачот-завртката на неговата осовина,а потоа со вртење кон лево се вади целиот вентил.

4. Врвот на вентилот е конусен и со долготрајна работа таму се направила невидлива бразда,а најчесто со премногу непотребно затегнување.Тоа може да се поправи (повеќепати и успешно) со брусење-шмирглање на конусот но најдобро не го правете ова,купете ново решо....................................................
5.

Не пробувајте ништо, белее целото решо,мраз ви се рацете,оставете ја боцата целосно да издиши,да се потроши,внимајте да нема во близина во тоа време пушачи или друг некој пламен,или покријте го решото со стара кутија.
1.Пред да ја ставите боцата во решото,потегнетего кон вас со раката гумичето што се наоѓа внатре во средината на решото,како ова на сликава.Во средина на гумицата има игла таа не треба да стрчи надвор и не треба да се допира. Најчесто со тек на време внатрешната опруга не работи и заглавува,па така гумичката при вадење на потрошената боца останува во крајна положба.Проверете дали гумичката не е оштетена,или има бразда по средина во таков случај таа мора да се замени со нова-нема поравка на гумички.......

1.Ставате нова боца,не се пали решото, поради не издупчена боца.
2.Проверете долниот затегач за боцата,можеби е напукнат,привремено може да употребите за поправка голема стега за црево, но што побрзо најдете замена нов долен капак. Не го лепете пукнатиот,може да направи беља.....

1.Ова е најпроблематичен проблем од кој и најчесто се прават пожарите по станови или куќи.Значи пламен има и надвор од горилникот,кај вентилот,пламенот ствара тешкотии тој и да се затвори,но мора да проба,односно мора да се затвори вентилот, работата е снајди се,не се тревожи,не го фрлај решото од тераса,намокри една крпа завиткај ја раката и затвориго вентилот,може и мокра кујинска ракавица или зимна ракавица.Не го покривај решото со ќебе,правиш поголем проблем ако се запали и ќебето.
2.Прстенастите гумички на осовината се изабиле и пропуштаат плин кон надвор и тој некако се запалил.
3.Можна е замена на овие семеринзи но сами не го правете тоа,туку на специјален мајстор по занатот.
4.При пуштање-отварање на вентилот ако осетите на прстите дување откај осовината не го палете решото,или тоа вака проверетего а не со запалка.

1.изгаснете го решото.Одвртетеја решетката како во погоре што е објаснето и под млаз топла вода очистетеја-издувајтеја и ставетеја на топла рингла да се осуши.Ако е потребно и дизната очистетеја како што е наведено.
------------------------------------
следува решо и боци од 3-5-10 литри и шпорети.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ајде сега ставро некој да не те превари,кажи што имаш
Последно уредено: