Другар, ќе ти кажам само едно, а тоа е дека кај нас сите фризери и козметичари станаа експерти против опаѓање на коса. Тоа доволно зборува колку овој народ е неедуциран и необразован . Не слушај бабини деветини и совети, затоа што повеќе ќе ти одмогнат отколку помогнат.
1) Ниедно научно истражување нема утврдено дека косата опаѓа поради фенирање и пеглање на косата, како и користење лак и гел. Косата опаѓа во коренот, а фенирање, пеглање, ставање лак и гел нема никаква врска со коренот. Единствено со прекумерно фарбање и користење неквалитетни бои можеш да го оштетитш волуменот и сјајот на косата и да ти изгледа косата неубаво и нездраво, но не и да ти отпаѓа. Плус, не е исто да користиш преса и лак од 50 евра и преса и лак од 200 денари. Има огромна разлика. Јас користам after shave од 1,500 денари и можам да ти кажам дека имам огромна разлика во лицето отколку кога користам евтини креми и лосиони. Ако еднаш неделно ја фенираш косата и ставаш малку лак тоа нема ништо да ти делува на косата, затоа што тоа е многу мала количина. Светски ѕвезди, јавни личности секој ден ја фенираат, пеглаат и средуваат својата коса, па пак им изгледа предобро, затоа што и пред се користат квалитетна и скапа козметика.
2) Луѓето пред 50-60 години не ја фенирале својата коса, не ставале лак на својата коса, па пак на многу луѓе им отпаѓала косата. Заврти се околу тебе и види колку луѓе познаваш што никогаш не ставиле лак на својата коса или да ја пеглаат, па косата им изгледа проретчена и со текот на годините ја губат целосно. Опаѓање на косата е многу комплициран процес поради многу фактори, а пред се најважните фактори : генетиката, DHT тестеронот и други внатрешни фактори на организмот. Косата не отпаѓа само кај возрасните, туку и кај децата. Можеш да побараш на интернет разни стории на форуми каде што родители се жалат на големо опаѓање т.е. појавување на делови на главата без воопшто коса кај своите деца.
3) Не верувајте на се што ви нудат на интернет против опаѓање на косата. Најчесто тоа се спамови и лажни криминалци коишто заработуваат на маката на луѓето. Одредени квалитетни шампони, лосиони и ампули можат до одреден степен да ти го забават отпаѓањето на косата или да ја згуснат малку косата, но повторен раст на местата каде што комплетно си ја изгубил косата нема да имаш.
Единствено што може да ти донесе повторен раст на изгубена коса е моментално е Propecia&Minoxidil&Nizoral или викано big 3. Ова се единствените докажани третмани коишто нудат повторен раст на изгубена коса, но нивното дејство трае до 10 години максимално, а кај некои се појавуваат и мали несакани ефекти. Ако си добар примател на овие третмани можеш да повратиш добар дел од својата изгубена коса, но овие третмани се пијат цел живот без престанување. Со самото престанување на користење на овие третмани се враќа повторно опаѓање на коса.
4) Кај секое живо суштество има опаѓање на косата и немој никој да те лаже дека секојдневно опаѓање на коса е знак дека ја губиш косата. Тоа е само резултат на неедуцираноста на нашиот народ. Косата опаѓа секојдневно и тоа од 50-100 влакна, затоа што косата си има свои фази на опаѓање и повторен раст на нови влакна. Прекумерно и екстремно опаѓање на влакна на периоди незначи дека имаш alopecia areata, туку дека тоа можеби е резултат на некој стрес или лоша крвна слика односно недостаток на некои витамини.
За тоа што ти зборувам јас можеш да прочиташ тука каде што е објаснето кратко, а квалитетно:
http://www.cgautentik.com/index_tekstovi_zdravlje_opadanje_kose.php